мини|Црквата „Св. 40 Севастиски маченици“ на брегот на езерото Смилковско Езеро — поголемото од две помали езера што се наоѓаат на периферијата на Скопје, во близина на селото Смилковци, Општина Гази Баба, во областа Црногорија. Веднаш до него се наоѓа помалото Стајковско Езеро. Смилковското Езеро е најпознато по Убиствата на Смилковското Езеро. На 23 февруари 2013 година, во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен-темелник на црквата „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.
Смилковското Езеро има риби и е совршено место за риболов за луѓето што живеат во близина. Смилковското Езеро има претрпувано големо сушење и умирање на рибите од подземни гасови.
Категорија:Езера во Македонија Категорија:Смилковци