Рејчел Зеглер (англ. Rachel Anne Zegler; родена на 3 мај 2001) ― американска глумица и пејачка. Како глумица дебитирала со улогата на Марија во филмот од Стивен Спилберг „Приказна од западната страна“ (2021), за која ја освоила „Златен глобус“ за најдобра глумица во филмски мјузикл или комедија.
Во 2023 година ја глумела Антеа во Шазам! Бесот на боговите и Луси Греј Берд во „Игрите на гладните: Балада за песнопојки и змии“ . Дебитирала на Бродвеј со улогата на Јулија во претставата Ромео и Јулија (2024).
Рани години Рејчел Зеглер е родена на 3 мај 2001 година во Хакенсак, Њу Џерси. Името го добила по Рејчел Грин од ТВ-серијата Пријатели. Мајка ѝ има колумбиско, а татко ѝ полско потекло. Поради етничката припадност, Зеглер како дете се соочила со расна дискриминација.
Првата актерска улога Зеглер ја добила на 12 годишна возраст, кога ја играла Шпринце во претставата на Виолинист на покривот. Тогаш одлучила дека сака да стане глумица и почнала да зема часови по пеење и глума.
Кариера Зеглер кариерата ја започнала како глумица во неколку мјузикли додека била средношколка; ги глумела Бел во Убавицата и ѕверот (2016), Ариел во Малата сирена (2017), Дороти Брок во 42-та улица (2018) и принцезата Фиона во Шрек мјузикл (2019). За сите овие улоги била номинирана за наградата „Метро“ во категоријата глумица во главна улога. Нејзини други улоги биле: Серена во Legally Blonde, Козета во Клетници и Мили во Thoroughly Modern Millie. Нејзиниот канал на YouTube го отворила во јули 2015 година. До 2022 година, нејзиното видео во кое ја пее песната „Shallow“ од филмот Ѕвездата е родена, имало над 12,2 милиони прегледи на Твитер. мини| Зеглер во 2019 година Во јануари 2018 година, режисерот Стивен Спилберг на Твитер објавил отворен повик за кастинг за нова филмска адаптација на Приказна од западната страна. Зеглер одговорила на повикот за кастинг со видеа на кои ги пеела „Tonight“ и „I Feel Pretty“. Таа била избрана од над 30 000 пријавени кандидати за улогата на Марија, што всушност било и нејзино филмско деби. Филмот бил објавен во декември 2021 година и бил пофален од критичарите и од публиката. За нејзината улога, Зеглер добила номинација за филмска награда од Critics' Choice за најдобар млад изведувач, а ја освоила наградата Златен глобус за најдобра глумица во филмски мјузикл или комедија со што станала прва глумица со колумбиско потекло која победила во таа категорија, а исто така со 20 години станала и најмлад добитник на награда во таа категорија.
Таа ја глумела Антеа во филмот Шазам! Бесот на боговите (2023) и ја глумела протагонистката Луси Греј Берд во филмот Игрите на гладните: Балада за песнопојки и змии (2023). Филмот доби позитивни критики. Потоа се појавила во филмот од Кајл Муни, Y2K, премиерно прикажан на фестивалот South by Southwest во 2024 година.
Зеглер дебитирала на Бродвеј со улогата на Јулија во музичката адаптација на Ромео и Јулија од Вилијам Шекспир, во режија на Сем Голд и со музика од Џек Антоноф. Го позајмила гласот на главниот лик во анимираниот музички филм Маѓепсани (англ. Spellbound), во режија од Вики Џенсон, премиерно прикажан на Нетфликс во 2024 година. Таа, исто така, ќе го игра насловниот лик во Снежана, адаптација во живо на анимираниот филм од Дизни од 1937 година, кој треба да биде објавен во 2025 година.
Личен живот Во февруари 2021 година, Зеглер и глумецот Џош Андрес Ривера потврдиле дека се во врска. Тие се запознале за време на снимањето на „Приказна од зпадната страна“, а подоцна глумеле заедно во „Игрите на гладните: Балада за песнопојки и змии“.
Зеглер истакнала дека Барбра Стрејсенд има најголемо влијание во нејзината кариера. Зеглер исто така е обожавателка на Тејлор Свифт.
Зеглер јавно ја поддржувала Палестина во израелско-палестинскиот конфликт од 2021 година. Во јануари 2024 година преку Инстаграм ги повикала луѓето да вршат притисок врз владините водачи за да поддржат прекин на огнот во Газа за време на војната меѓу Израел и Хамас.
Филмографија
Филм година Наслов Улога Белешки 2021 година Приказна од западната страна Марија 2023 година Шазам! Бес на боговите Антеа Игри на гладните: Балада за птици песнопојни и змии Луси Греј Берд 2024 година Y2K Лора Маѓепсани Принцезата Елиан Гласовна улога 2025 година <i>Снежана</i> Постпродукција
Театар година Наслов Улога Место на одржување Белешки 2024–2025 година Ромео + Јулија Јулија Театар „Circle in the Square“ Бродвеј
Наводи
Надворешни врски
Rachel Zegler on Instagram
Категорија:Американски пејачи и пејачки од 21 век Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски поп музичари Категорија:Американци со полско потекло Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Пејачи од Њу Џерси (држава) Категорија:Добитници на Златен глобус Категорија:Американски филмски глумици