Прекрасниот волшебник од Оз — роман за деца од 1900 година, напишан од авторот Л. Френк Баум и илустриран од В. В. Денслоу. Тоа е првиот роман од серијата книги Оз. Дороти е девојче од една фарма од Канзас која заедно со нејзиното куче Тото, завршиле во магичната земја Оз откако циклон ќе го однесе нивниот дом. По нејзиното пристигнување во Оз, таа дознава дека не може да се врати дома додека не ја уништи Злобната вештерка од Западот.

Книгата првпат била објавена во САД во мај 1900 година од компанијата Џорџ М. Хил. Во јануари 1901 година, издавачката куќа го завршила печатењето на првото издание во 10.000 примероци, кое брзо било распродадено. Книгата била продадена во три милиони примероци до моментот кога влегла во јавна сопственост во 1956 година. Често се препечатувала под наслов Волшебникот од Оз, што е наслов на успешната музичка адаптација на Бродвеј од 1902 година, како и на играниот филм од 1939 година.

Револуционерниот успех и на оригиналниот роман од 1900 година и на мјузиклот од 1902 година го поттикнал Баум да напише тринаесет дополнителни книги за Оз, кои служат како официјални продолженија на првата приказна. Повеќе од еден век подоцна, книгата е една од најпознатите приказни во американската литература, а Конгресната библиотека го прогласила делото за „најголемата и најомилена домашна бајка во Америка“.

Наводи

Категорија:Статии со врски до проектот „Гутенберг“ Категорија:Говорни статии Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Американска книжевност