Улица „Генерал Јосиф В. Гурко“ () — централна улица во Софија. Позната улица во стариот дел на Софија. Заради големото русофилско влијание врз државата, улицата го носи името на рускиот генерал Јосиф Владимирович Ромејко-Гурко.

Се протега во самиот центар на Софија од нејзината раскрсница со ул. „Кнез Александар Батенберг“, по што била наречена улицата. „Алабин“ на запад, а на исток стигнува до раскрсницата со бул. „Евлоги и Христо Георгиеви“ на кој се наоѓа националниот стадион „Васил Левски“.

Некои од најважните згради на Софија се наоѓаат на улицата, како што се Централната пошта, Градската уметничка галерија на Софија, куклен театар Метрополитен, Телефонската палата и новоизградениот Гранд Хотел Софија со пет ѕвезди. На раскрсницата од ул. „Гурко“ и бул. „Васил Левски“ е местото каде што е сместено Министерството за физичко образование и спорт.

НАТФИЗ и Народниот театар се наоѓаат во близина на раскрсницата „Гурко“ и „Раковска“. За време на 1930-тите весникот на Алексо Мартулков „Македонско знаме“ бил издаден во улицата „Гурко“, број 32.

Надворешни врски

Наводи

Категорија:Улици во Софија