Добрило Ненадиќ (српски: Добрило Ненадић; Вигоште, 23 октомври 1940 — Вигоште, 15 август 2019) — српски писател.
Животопис Ненадиќ е роден на 23 октомври 1940 година, во местото Вигоште крај Ариље. Диломирал агрономија на Земјоделскиот факултет во Земун. Живеел и работел како агроном во Ариље.Dobrilo Nenadić, Dorotej (četvrto izdanje). Narodna knjiga, Beograd, 1981. Васа Павковић, „О Деспоту и жртви и Добрилу Ненадићу“, во: Добрило Ненадић, Деспот и жртва. Политика и Народна књига, Београд, 2004, стр. 202. Починал на 15 август 2019 година во родното место.
Творештво Првиот свој роман, „Доротеј“ го објавил во 1977 година, како заедничко издание на „Рад“, „Народна књига“ и БИГЗ“. Покрај признанието од книжевната критика, романот ја освоил и пошироката публика, освојувајќи ја наградата за најчитаната книга во 1978 година во библиотеките на СР Србија. Во 1981 година, врз основа на овој роман е снимен истоимениот филм. Потоа, Ненадиќ го објавил романот „Дожд“ (Народна књига, 1979) кој претставува прв дел од започнатата трилогија, по што следувал романот „Врева“ (Народна књига, 1981). Врз основа на новелата „Ахилиј“ подоцна настанал романот „Брајан“.Васа Павковић, „О Деспоту и жртви и Добрилу Ненадићу“, во: Добрило Ненадић, Деспот и жртва. Политика и Народна књига, Београд, 2004, стр. 202-203.
Библиографија „Доротеј“ (роман), „Дожд“ (роман), „Врева“ (роман), „Поплава“ (роман), „Статист“ (роман), „Диви ѕвезди“ (роман), „Роман за Обилиќ“ (роман), „Поларна светлост“ (роман), „Деспотот и жртвата“ (роман), „Ураган“ (роман), „Брајан“ (роман), „Сабјата на грофот Вронски“ (роман), „Победници“ (роман), „Лошата воља на кнезот Бизмарк“ (роман), „Железно време“ (роман), „Хермелин“ (роман), „Во сенката на црната смрт“ (роман), „Време на кокошките“ (роман), „Магла“ (драма), „Ахилиј“ (новели).
Награди и признанија Ненадиќ е добитник на повеќе награди и признанија: За романите „Доротеј“ и „Деспотот и жртвата“, Ненадиќ ја освоил наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга на годината; исто така, романот „Деспотот и жртвата“ ги освоил наградите „Меша Селимовиќ“, наградата на Просвета и наградата Златен бестселер; за романот „Брајан“ Ненадиќ ги добил наградите Рачанска повелба и Златен бестселер; и романот „Ураган“ бил награден со Златен бестселер; во 2011 година, на Трстеничките денови на современата српска проза, свечената вечер била посветена на творештвото на Ненадиќ, а прочитаните трудови и библиографијата на Ненадиќ биле објавени следната година во 14. зборник на манифестацијата.Васа Павковић, „О Деспоту и жртви и Добрилу Ненадићу“, во: Добрило Ненадић, Деспот и жртва. Политика и Народна књига, Београд, 2004, стр. 203.
Наводи
Категорија:Српски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Родени во 1940 година Категорија:Починати во 2019 година