Белокрањска повитица е словенечко национално јадење. Наводно било донесено во регионот на Белата Крањска од Ускоците (хрватски хабсбуршки војници) кои ги населувале источните области на јадранскиот простор.Taste Slovenia. Bogataj Janez, 2007. Rokus Gifts. Самото име, povitica, го објаснува начинот на кој се спрема десертот. Терминот повитица потекнува од глаголот poviti кој значи „да се завитка“.
Тестото се прави од брашно, вода, сол и 1/2 лажичка оцет. Тестото се остава да отстои половина час. Тоа потоа се расукува и растегнува да е потенко.
Филот е направен од рикота, јајца, слатка павлака, масло и путер. Филот се распределува рамномерно на растегнатото тесто, се витка и се става во подмачкан плех за печење.
Режим на заштита
Гарантирани традиционални специјалитети (TSG) во Европската Унија
Поврзано
Список на колачи Ролат од ореви, американски десерт кој е сличен или добиен од Белокрањска повитица . Словенечка кујна
Наводи
Категорија:Словенечка кујна