Киченер бун е вид на крофна што се прави и се продава во Јужна Австралија од 1915 година. Направена е од слатко тесто слично на она што се користи за правење крофни, се дели и потоа се полнат крофните со џем и крем од малини или јагоди, и најчесто се служат попрскани шеќер во прав.

Овие крофни наликуваат на берлинските крофни, пециво со германско потекло – иако од него се разликува по изгледот и употребата на повеќе крем отколку џем. Се смета дека корфната била именувана во чест на британскиот фелдмаршал Лорд Киченер.

Во рецепт од 1930 година, џемот се затвора во пецивото пред пржењето, и не се споменува кремот до 1934 година. Десет години подоцна, пекар од улицата Унли Роуд бил казнет со глоба од околу 1000 долари за користење крем во неговите крофни Киченер, што тогаш било спротивно на одредбите во регулативите за национална безбедност.

Поврзано

Список на видови крофни Крофна со џем

Наводи

Категорија:Крофни