Клејрен — дестилиран алкохолен пијалак направен од шеќерна трска произведен на Хаити, кој се подложува на истиот процес на дестилација како и румот, иако не толку рафиниран.

На Хаити има помеѓу 500 и 600 микро дестилерии, во споредба со помалку од 50 вкупно низ остатокот од Карибите. Дестилериите познати како еснафи се занаетчиски продукции: повеќето од нив се мали колиби распространети низ селата кои произведуваат доволно да ја покријат потрошувачка на нивните села.

Клејрен е направен од автохтони сорти трска, нехибридизирани, без хемиско мешање во земјоделството. Тие се спонтано ферментирани без избран квасец, со техники на дестилација од средината на 18 век и без филтрација.

Поврзано Рум агрикол

Наводи

Категорија:Кујна на Хаити Категорија:Алкохолни пијалаци