Основно училиште „Ванчо Прке“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ванчо Прке“ - Лакавица; скратено: ПООУ „Ванчо Прке“) — подрачно основно училиште во штипското село Лакавица, во состав на истоименото училиште од градот Штип, Општина Штип.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Ванчо Прке.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во селото Лакавица, сместено под регионалниот пат.

Историја

Училиштето било изградено во 2001 година.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик во една комбинирана паралелка.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Штип Лакавица Категорија:Лакавица (Штипско)