Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Шашаварлија; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во штипското село Шашаварлија, во состав на истоименото училиште од градот Штип, Општина Штип.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во селото Шашаварлија, на самиот негов влез.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на турски наставен јазик во една комбинирана паралелка.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Штип Шашаварлија Категорија:Шашаварлија