Садевите — археолошко наоѓалиште во прилепското село Мелница. Претставува населба од доцноантичко време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа кај устието на Полчишка Река се влева во Витолишка Река.

Опис

На една пространа тераса што зафаќа површина од неколку хектари има голем број фрагменти од керамички садови, питоси, згура од топена железна руда и градежен материјал. На горниот крај на теренот има остатоци од темели на тврдина. На локалитетот се најдени повеќе византиски монети.

Поврзано Стојанов Шопур — населба и некропола од средниот век; Црква Св. Димитрија — осамен наод од римското време; Пешта — праисториска населба; Мелница; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Мелница (Прилепско)