Национален историски парк на култура Чако () — Национален историски парк кој содржи најголема концентрација на древни пуеблоси на југозападниот дел од САД. Паркот се наоѓа во северозападниот дел на државата Ново Мексико помеѓу градовите Албакерки и Фармингтон во кањонот што преминува преку Чако Вош. Овде има најбројни древни рушевини северно од Мексико и затоа е едно од најважните предколумбиски локалитети во САД.

Помеѓу 900 и 1150 година кањонот Чако бил важен центар на културата антички народи Пуебло (Анасази). Древните жители носеле камени блокови и дрва од оддалечените области, градејќи петнаесет големи комплекси кои останале најголемите згради во Северна Америка сé до 19-ти век. Се шпекулира дека Чако имал археоастрономско значење, а како доказ се зема петроглифот "Сончев нож" во Фајада Бут. Многу згради Во Чако биле поставени во согласност со сончевите и месечевите циклуси, и за што биле потребни генерации на астрономски набудувања и вековна координација на конструкции. Се верува дека променливата клима довела до иселување на Чакоанците и конечно напуштање на кањонот, кој започнал по педесетгодишната суша во 1130 година.

Овој културен локалитет, лоциран во сува и ретко населена област Четири Агли претставува УНЕСКО-ов локалитет на Светското наследство. Бидејќи се сметаат за кревки и подложни на оштетување, и поради стравување од оштетување кое би било предизвикано од туристите, Фајада Бут е затворен за јавноста. Хопи и Пуебло домородните Американци, кои имаат усни преданија за иселување од Чако и духовна врска со земјата, го сметаат локалитетот за свет. Службата за национални паркови на САД се обидува тесно да соработува со племенските претставници, така што нивната грижа за локацијата не е во спротивност со верските убедувања.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Официјални и академски

Слики и патувања

Chaco Culture National Historical Park - informacije na stranici Wikivoyage

Останато

Категорија:Ново Мексико Категорија:Претколумбовска Америка Категорија:Археолошки наоѓалишта во САД