Блејд () — акционен суперхеројски филм од 1998 г. со елементи на филм на ужасите, работен наслов „Блејд, убиецот на вампири“. Бил заснован на истоимената серија стрипови од 70-тите на Marvel Comics. Ова е првиот дел од франшизата „Блејд“. Главните улоги ги толкуваат Весли Снајпс и Стивен Дорф. Во 2002 г., било објавено продолжението на овој филм, Блејд 2, а во 2004 г., третиот дел, Блејд: Тројство.

Во филмот, Блејд е дампир (хибрид човек и вампир) со вампирски сили, но без некои од нивните слабости, како што се лук, сребро и сончева светлина, кој заедно со неговиот наставник Абрахам Вислер и хематологот Карен Џенсон се бори против вампирите, конкретно со злобниот Дикон Фрост.

Објавен на 21 август 1998 г., Блејд имал трговски успех, со заработка од 70.000.000 долари на американските киноблагајни и 61.200.000 долари ширум светот. И покрај мешаните одзиви од кинокритичарите, филмот нашол на многу потврден прием кај публиката и оттогаш станал култен класик. Блејд исто така се смета за една од препознатливите улоги на Снајпс.

Успехот на оригиналот го започнал успехот на филмовите на Marvel и ги поставил темелите за понатамошни адаптации на стрипови.

Содржина Јунакот на филмот е Блејд — получовек, полувампир што им се одмаздува на „крвопијците“ за смртта на мајка си, која тие ја каснале за време на бременоста. Тој е вооружен со меч направен од титанска легура и пука со сребрени куршуми од автомат, ги има сите способности на вампир — натчовечка сила, брзина, умешност и живост, но не е оптоварен со нивните слабости — не се плаши од светлина, лук, сребро и иако е жеден за крв, се справува со тоа со посебен серум. Блејд исто така старее како обичен човек, за разлика од вампирите, кои се практично бесмртни.

Неговото вистинско име е Ерик Брукс, но го добил прекарот Блејд (англ. Blade — сечило) поради неговото мајсторство со особен меч. Самите вампири го нарекуваат „Дневниот Скитник“ поради неговата способност да издржи сончева светлина, која е разорна за другите вампири. Тој не се претвора целосно во вампир само благодарение на синтетичкиот серум, чии периодични инјекции ја одржуваат неговата живост и ја намалуваат неговата жед за крв за некое време.

Блејд бил одгледан и испратен да се бори против вампирите од Абрахам Вислер, кој го снабдувал со разни видови оружја; Вислер бил каснат и заробен од вампири. На Блејд му помага и д-р Карен Џенсон, која ја спасил од вампир.

Главниот противник на Блејд и виновникот за неговата судбина — харизматичниот вампир Дикон Фрост. Фрост е млад преобратен вампир што е толку самољубив што не сака да го прифати фактот дека преобратениците се слуги на највисоката елита на чистокрвни вампири. Овој агресивен водач успеал да го собере својот круг и имал намера да ја собори елитата, земајќи ги уздите на заедницата во свои раце. Во тоа требало да му помогне повиканиот дух на демон, митскиот вампирски бог Ла Магра, што ќе му овозможи да стане имун на светлина, но ритуалот ја барал крвта на полувампирот Блејд. Фрост го убива водачот на елитата Драгонети и ја презема власта над крвопијците, а потоа подготвува ритуал за будење на Ла Магра. За време на ритуалот, речиси безкрвниот Блејд ја враќа својата сила и го уништува Фрост-Ла Магра со помош на антикоагулант измислен од Карен Џенсон.

Последната сцена на филмот се одвива во снежната Москва, каде што засолниште нашле другите членови на огромната заедница на вампири.

Улоги ГлумецУлогаВесли СнајпсЕрик Брукс / БлејдКрис КристоферсонАбрахам ВислерСтивен ДорфДикон ФростН'Буш Рајтд-р Карен ЏенсонДонал ЛогКвинУдо КирГитано ДрагонетиТрејси ЛордсРакелСена ЛејтанВанеса БруксАрли ХоверМеркјуриКевин Патрик Волсполицаецот КригерТим Гинид-р Кертис ВебЕрик ЕдвардсПерл

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1998 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Американски суперхеројски филмови