Георги Стрезов, роден Георги Јанакиев Стрезов (Охрид, 12 декември 1864 — Софија, 5 октомври 1938) — истакнат македонски политичар од Охрид, историчар, правник и пратеник во бугарското народно собрание.

Животопис лево|мини|Првата генерација на воспитаници во Солунската гимназија во учебната 1885/86 год.Прв ред (учители): Г. Миндов, А. Кулев, Х. Димитров, К. Стателов, Ф. Сплитек, Г. Прличев, Г. Кандиларов, архимандрит К. Пречистански, ѓакон И. Пенчев, Г. Попов, П. Драганов, А. Дојкин, Ј. БуфетиВтор ред (воспитаници): Х. Нечев, Ј. Читкушев, Ј. Мирчев, И. Липошлиев, Д. Изов, Б. Кушев, Л. Тодев, Ј. Бомболов, Г. Стрезов, П. Мавродиев, А. Кожухарски Роден е во градот Охрид, тогаш дел од Отоманското Царство. Син е на видниот македонски просветен деец Јанаки Стрезов и братучед на македонскиот преродбеник Кузман Шапкарев. Во 1886 година Стрезов завршува со првиот курс на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Меѓу 1887 – 1890 година работи како професор во егзархиското училиште во Битола, а потоа во егзархиското педагошко училиште во градот Сер во 1891 година. Завршува право во Женева, Швајцарија во 1894 година со дисертација на тема „Вмешателството и Балканот“. Последователно работи како член на окружните судски центри во градовите Пловдив, Варна и Софија.

Од 1896 година работи како адвокат во Софија. Во 1898 година го издава неговото дело „Случаи за развод пред епархиските духовни судови“, а истата година е делегат од македонско дружество на Петиот македонски конгрес на Македонскиот комитет.Илюстрация Илинден, бр.103, стр.5 – 7Билярски, Цочо. Княжество България и македонският въпрос, т.1. Върховен македоно-одрински комитет 1895 – 1905 (Протоколи от конгресите), Българска историческа библиотека, 5, Иврай, София, 2002, стр. 126. Пишува етнографски и историски дела за Македонија и македонскиот народ, особено за Пиринска Македонија.Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII и XXXVIII, 1891.Попстоилов, Антон. Спомени от Солунската българска мъжка гимназия „Св. Кирил и Методий“, в сп. „Училищен преглед“, кн. 3, ноември 1913, стр. 199 – 206.Спомени на Георги Стрезов в: „Борбите в Македония и Одринско (1878 – 1912). Спомени“, Български писател, София, 1981, стр. 44 – 51. Во почетокот на 1902 година е кандидат за народен претставник во изборите за XII народно собрание на Бугарија во Трнската избирачка околија.Централен държавен архив, ф. 173К, оп. 2, а.е. 528, л. 38, 40.

Во 1911 година е избран за народен претставник во V Велико народно собрание во Бугарија. Меѓу 1912 – 1918 година се занимава со заштита на правата на големата македонска емиграција во Бугарија. Во 1919 година се преселува во Швајцарија, каде што ги пишувал брошурите „Српското разорение“ и „Неизвестната Романија“. Во 1924 година ја издава книгата „Кон север“, книгата била патопис и го документирало неговото патување во Шведска и Норвешка. Се приклучува како член на Македонскиот научен институт. Во 1926 година почнал да работи како адвокат. Издава трудовите „Правата на бугарските малцинства и Општеството на Народите“ (1929), „Македонските емигранти во Швајцарија во Светската војна“ (1931) и „Охрид“ (1938). Умира на 5 октомври 1938 година. После смрт неговите пари биле донирани кај Македонскиот научен институт, таа донација била околу 100.000 бугарски левови.

Надворешни врски

La Macedoine Orientale, публикувано во Le Globe, Journal Geographique, Geneva, Switzerland, 1892 г.

L'Intervention et la Peninsule Balkanique, Женева, 1893 година „Спомени од Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методи“, публикувано во сп. „Училищен преглед“, кн. III, Софија, 1913 година „Македонските емигранти во Швајцарија во Светската војна“, Софија, 1931 година Les Luttes Politiques des Bulgares Macedoniens, Женева, Швајцарија, 1919 година "Охрид", публикувано во сп. "Отечество", кн. 18, год. II, Софија, 26 декември 1915 година "Нема! Нема!", публикувано во во-к "Македонија", год. I, бр. 23, Софија, 6 ноември 1926 година

Наводи

Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Родени во 1864 година Категорија:Починати во 1938 година Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски адвокати Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Македонски правници Категорија:Македонски просветители Категорија:Прва генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија