Жигански мост — патен мост на регионалниот пат 2342, кој ја поминува Злетовска Река.
Историја
Во јуни 2013 година, Советот на Општина Чешиново-Облешево донел одлука да се изгради мост на Злетовска Река кај селото Жиганци, кога било најавено дека мостот ќе чини 10 милиони денари, средства добиени од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Во 2016 година било известено дека мостот чинел 20 милиони денари.
Градба
Изградбата на мостот започнала во 2013 година и било предвидено да биде во должина од 30 метри, со височина од 3,3 метри и широчина од 4,5 метри. Сепак, во 2016 година, било известено дека мостот бил долг 51 метар и широк 5,9 метри со носивост од 15 тони.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Мостови во Македонија Категорија:Жиганци