мини|300п|десно|Воздушен поглед на рудникот

Рудник „Опалит“ — рудник за опалски бречи, кој се наоѓа северно од кочанското село Спанчево. Терминот „опалит“ потекнува од опалските бречи во наоѓалиштето Спанчево.

Местоположба

Рудникот се наоѓа северно од селото Спанчево, сместен на возвишението Црни Врв над селото. Истиот е поврзан со макадамски пат во должина од 2 километри од селото.

Историја

Во 1960-тите години било основано претпријатие за експлоатација на опалските бречи кај селото Спанчево и нивно делумно микронизирање во селото Чешиново, кое било наречено „Опалит“. Името и ден денес е синоним за експлоатацијата на опалските бречи.

Во нејзиното повеќедецениско постоење „Опалит“ - Чешиново достигнала свој голем развој, кој достигнувал и до 150.000 тони годишно производство опалски бречи со висок квалитет, којшто претставувал основна компонента во производството на цемент во фабриката „Усје“ во Скопје.

Во 2000-тите години, рудникот работи со многу мал капацитет од околу 10.000 тони опалска бреча на годишно ниво.

На крајот на 2023 година, цементарницата „Усје“ ги купило рудникот и мелницата во Чешиново и ги припоило кон друштвото.

Поврзано Опал Спанчево

Наводи

Категорија:Рудници во Македонија Категорија:Спанчево