Манастир „Св. Герман Алјаски“ () — православен христијански манастир во Платина, Шаста, Калифорнија, САД кој од 2000 година припаѓа на Западноамериканската епархија на Српската православна црква. Манастирот е основан во 1970 година со постригот на првите монаси. Неговите основоположници биле припадници на Братството „Св. Герман Алјаски“ кои претходната година се доселиле во планинското подрачје во Северна Калифорнија целејќи кон монашки живот. Братството е основано во 1963 година со благослов на Свети Јован Шангајски и Санфранцискански, архијереј на Руската православна црква зад границата, со задача да го шири православието преку издавачка дејност. Освен книги, манастирот издава и списание „Православното слово“ (). Најистакната личност од манастирот е неговиот соосновач, монахот Серафим Роуз, преведувач и автор на дела значајни за ширењето на православието во Западот.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место