Матија Бан (; 6 декември 1818 – 14 март 1903) бил српско-хрватски поет и драматург. Тој е еден од најраните претставници на Дубровничкото србокатоличко движење.

Бан бил роден во Петрово село близу Дубровник, во Кралството Далмација во Австриското Царство, во денешна Хрватска. Откако работел како учител во грчките училишта во Константинопол и Бурса, Матија Бан се населел во Србија во 1844. Се смета дека тој е првиот кој го искористил терминот "Југословен", во една негова песна од 1835.

мини|лево|Карта на поранешните патријаршии на Балканот: Цариградската, Пеќската, Трновската и Охридската Архиепископија, изработена од Матија Бан во 1885 година Неговите дела вклучуваат 14 драми и трагедии поврзани со словенската историја (Миљенко и Добрила, 1850; Мејрима или Бошњаци, 1851; Цар Лазар, 1858; Марта Посадница, 1871; 1880; Јан Хус, 1884, и др.).

Дела Solution de la Question d'Orient. Par l'Europe ou par La Porte? (1885)

Наводи

Категорија:Луѓе од Дубровник Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)