Одмаздници: Војна на бесконечноста () — американски суперхеројски филм од 2018 г. во режија на Ентони и Џо Русо, заснован на стрип-авантурите на истоимената екипа на Marvel. Како продолжение на „Одмаздници“ (2012) и „Одмаздници: Ерата на Ултрон“ (2015), тоа е 19-ти долгометражен филм во медиумската франшиза на „Кинематографската вселена на Marvel“ (КВМ) и седми во Третата фаза. Главните улоги ги толкуваат Роберт Дауни Помладиот, Крис Хемсворт, Марк Рафало, Крис Еванс, Скарлет Јохансон, Бенедикт Камбербач, Дон Чидл, Том Холанд, Чедвик Боузман, Пол Бетани, Елизабет Олсен, Ентони Маки, Себастијан Стен, Карен Гилан, Данај Гурира, Том Хидлстон, Пом Клементјеф, Бенедикт Вонг, Летиша Рајт, Дејв Батиста, Зои Салдана, Џош Бролин и Крис Прат. Според заплетот, две години откако Одмаздниците се распаднале за време на настаните на „Капетан Америка: Граѓанска војна“, Танос пристигнува на Земјата со цел да ги собере сите Камења на бесконечноста за ракавицата, со која може да ја промени стварноста по своја волја. Одмаздниците и Чуварите на галаксијата мораат да го запрат лудиот титан пред неговиот разорен напад да стави крај на половина од вселената.

Премиерата на филмот во САД била на 27 април 2018 г., а во Македонија на 26 април истата година.

Содржина Додека Одмаздниците и нивните сојузници продолжуваат да го штитат светот од преголеми закани за некој херој да може да се справи, нова опасност се појавува од космичките сенки — Танос. Деспот на меѓугалактичката злогласност, неговата цел е да ги собере сите шест Камења на бесконечноста, артефакти со незамислива моќ и да ги искористи за да ја нанесе својата извртена волја на целата стварност. Сѐ за што се бореле Одмаздниците довело до овој миг, судбината на Земјата и постоењето никогаш не биле понеизвесни.

Улоги ГлумецУлогаРоберт Дауни ПомладиотТони Старк / Железниот ЧовекКрис ХемсвортТорМарк РафалоБрус Бенер / ХулкКрис ЕвансСтив Роџерс / Капетан АмерикаЧедвик БоузманТ'Чала / Црниот ПантерТом ХоландПитер Паркер / Човек-пајакБенедикт КамбербачСтивен Стрејнџ / Доктор СтрејнџКрис ПратПитер Квил / Ѕвездениот ГосподарСкарлет ЈохансонНаташа Романоф / Црната ВдовицаЕлизабет ОлсенВанда Максимов / Аловата ВештеркаСебастијан СтенБаки Барнс / Зимскиот ВојникДон ЧидлЏејмс „Роди” Роудс / Воената МашинаПол БетаниВизијаЕнтони МакиСем Вилсон / СоколотВин ДизелГрут (глас)Бредли КуперРакета (глас)Дејв БатистаДракс УништувачотЗои СалданаГамораКарен ГиланНебулаГвинет ПалтроуВирџинија „Пепер“ ПотсБенедикт ВонгВонгПом КлементјефМантисТом ХидлстонЛокиДанај ГурираОкојеЛетиша РајтШуриЏош БролинТаносБенисио дел ТороКолекционеротРос МаркуандЦрвениот ЧерепСемјуел Л. ЏексонНик Фјури (камео)

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2018 година Категорија:Американски 3D-филмови Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Американски суперхеројски филмови Категорија:Американски научнофантастични акциони филмови Категорија:Американски научнофантастични авантуристички филмови