Тврдината на Црн врв над Пирот се наоѓа на Видлич, на 12 километри од градот, во близина на планинарскиот дом. мини| Тврдината на Црни врв
Историја Тврдината е изградена во 1892 години по српско-бугарската војна поради страв од нова војна со Бугарите. Тврдината всушност никогаш не била користена. Била градена во текот на 1982 и 1893 година. Градена е од камени блокови и е една од најдобро сочуваните тврдини во Србија. Ѕидовите на тврдината се дебели 1,6 метри, а тврдината има и камен свод со иста дебелина.
Тврдината била позиционирана кон исток бидејќи од таму се очекувал нападот од непријателот. На самиот врв се наидува на одбранбен бедем од камен кој некогаш ја претставувал последната линија на одбрана на тврдината. Од западната страна, лево од главниот влез, ѕидот е доста оштетен. Лакот над влезот во тврдината е добро сочуван, а на страните на тврдината се наоѓаат пушкарниците.
Денес Тврдината денеска се распаѓа, а планирано е да влезе и на листата на споменици на културата за да се спречи пропаѓањето. На ѕидовите се појавиле пукнатини, а еден дел од ѕидот паднал поради ерозија бидејќи биле оштетени олуците на самата тврдина.
Галерија
Поврзано
Список на тврдини во Србија
Наводи
Литература
Митиќ, Горан - Прекрасни, интересни и помалку познати места во Пиротскиот крај, Пирот, 2018 година. Минчиќ, Вукашин - Запознај го родниот град, Пирот, 1985 г. Категорија:Тврдини во Србија Категорија:Историја на Пирот Категорија:Воена архитектура