мини|алт=Области на телото зафатени со миотонична дистрофија, типови 1 и 2, обоени во црвено|Области на телото зафатени со миотонична дистрофија, типови 1 и 2, обоени во црвено Стејнертова болест или Конгенитална миотонична мускулна дистрофија тип 1 (ДМ) претставува автосомно-доминанто наследно заболување кое ги зафаќа мускулите во телото. Миотоничната мускулна дистрофија е болест која се карактеризира со прогресивна мускулна дегенерација и слабост во мускулите и истата е поделена на 2 (два) главни типа, односно Тип 1 – Стејнертова болест и Тип 2 – проксимална миотонична миопатија. Суптипови на Тип 1 се конгенитална, средна и класична форма на болеста, додека Тип 2 е значително потешка верзија од Тип 1. Најчесто се јавува за време на детството, но постои можност за појава и во понатамошниот период од животот.National Library of Medicine Преваленца Забележан е 1 - 5 случаи на 10 000 живородени деца.National Library of Medicine мини|алт=Миотоничната дистрофија се наследува во автосомно доминантен модел.|Миотоничната дистрофија се наследува во автосомно доминантен модел.

Етиологија Тип 1 на ДМ настанува поради генетска грешка која доведува до повторувачка експанзија на тринуклеотидот ЦТГ во генот ДМПК (dystrophiamyotonicaproteinkinase), на хромозом 19q. Се смета дека основен механизам за настанување на болеста е формирањето на токсична рибонуклеинска киселина која влијае на обработката на примарните транскрипти за многу протеини. Зафаќањето вклучува и други органи, како катаракта на очите, кардијални абнормалности, инсулинска резистентност и развојни абнормалности.

Децата со конгенитална форма на болеста имаат повеќе од 1 000 ЦТГ-повторувања. Поради автосомно-доминантното наследување, потребно е да се спроведе генетско советување на семејството поради ризикот од 50 % за пренесување на болеста од родител на децата.National Library of Medicine

мини|алт=Хистопатологија на ДМ2. Мускулна биопсија покажува благи миопатски промени и групирање на атрофични брзи влакна (тип 2, нагласено). Имунохистохемиско боење за тип-1 („бавен“) миозин.|Хистопатологија на ДМ2. Мускулна биопсија покажува благи миопатски промени и групирање на атрофични брзи влакна (тип 2, нагласено). Имунохистохемиско боење за тип-1 („бавен“) миозин.

Симптоми и дијагноза Конгениталната форма за време на пренатални испитувања може да покаже состојба на полихидрамнион, намалени фетални движења, предвремено раѓање и помал плод во однос на секоја наредна гестациска недела. Понатаму, кај бебињата, карактеристична е сликата на слабост во мускулите на екстремитетите (хипотонија, хипофлексија, мускулна слабост поизразена дистално во однос на проксимално) и отежнато дишење поради слабост на респираторната мускулатура која е забележана веднаш по раѓањето. Респираторниот дистрес синдром е можна појава, понатаму слаба кашлица, респираторни инфекции и пнеумоторакс. Оваа е најтешката форма на болеста и преживеаните деца подоцна имаат значително доцнење во психо-физичкиот развој.

Златен стандард за поставување на дијагнозата е молекуларно генетско тестирање, а примарно се поставува според клиничките манифестации и позитивната фамилијарна анамнеза. Од антенаталната дијагноза, пренаталните пронајдоци на полихидрамнион и редуцирани фетални движења можат да се толкуваат како позитивен знак.ScienceDirect Последици Конгениталната миотонична дистрофија има мултисистемско зафаќање со карактеристики на тешка хипотонија и генерализирана мускулна слабост кои се со тежок тек и немаат задоволителна прогноза.ScienceDirect

Третман За тешката форма на конгениталната миотонична дистрофија потребна е интензивна грижа уште од самиот почеток на раѓање, особено во поглед на исхраната и респираторната поддршка. Потребен е мултидисциплинарен пристап на лекари за менаџирање на симптомите.ScienceDirectNational Library of Medicine

Наводи

Категорија: Ретки болести