Bojan Ilievski (роден на година) — македонски професионален фудбалер кој игра како десен бек за Струга во Првата македонска фудбалска лига.
Клупска кариера Илиевски дебитирал во сениорскиот фудбал на 14 февруари 2018 година на 18-годишна возраст, играјќи 53 минути за Пелистер во натпреварот против Победа во 19-тото коло од сезоната 2017/18 во Првата фудбалска лига на Македонија. Таа сезона одиграл 15 натпревари, во кои постигнал еден гол и една асистенција. На 7 јуни 2021 година, тој преминал во Работнички каде останал една сезона, пред да потпише за Македонија ЃП каде останал две години до испаѓањето на клубот во Втората македонска фудбалска лига. На 14 јуни 2024 година, Илиевски потпишал за актуелниот шампион Струга кој го ангажирал како засилување за претстојните квалификации за УЕФА Лигата на шампиони 2024/25.
Меѓународна кариера Илиевски играл за Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година и сениорската репрезентација. Тој дебитирал за сениорскиот тим на 22 октомври 2022 година во пријателски натпревар против Саудиска Арабија. Две години по неговото деби, селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски го повикал за два натпревари во УЕФА Лигата на нации 2024/25, и играл во почетниот состав против Фарските Острови.На 22 март 2025 година тој повторно настапи за својата репрезентација против репрезентацијата на Лихтенштајн, на која тој асистираше на голот на Бојан Миовски за 3-0. На 25 март тој беше стартер на мечот против репрезентацијата на Велс во кој се покажа во најдобро светло.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Македонија Ѓорче Петров Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Спортисти од Битола Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Фудбалери на ФК Струга