Pancratium canariense или канарски морски нарцис е вид луковично растение кое е ендемско за Канарските Острови. Расте на северни падини со добра осветленост, но не изложено на жешко, јако сонце и не на сушен терен каде што пече. Расте во плодна почва меѓу камења и грмушки. Цвета во рана есен. Името canariense значи „од Канарските Острови“.
Опис Toa e луковично повеќегодишно растение со сивкасто-сини листови. Формира прилично големи луковици (12-15 см во дијаметар) со краток врат. Растението расте во зима, а мирува во лето. Стеблото достигнува до 80 см. Цветовите се со многуцветен штит, со бела корона. Многу се миризливи. Цвета во есен. Слично на него е Pancratium illyricum од јужна Европа, но има потесни листови, пократки цветни стебла и цвета во пролет. лево|мини|Цвет
Одгледување Лесно е за одгледување и слободно цвета доколку се засади на сончево место.
Литература
Walters, S.M. The European Garden Flora, Vol. 1. Pteridophyta; Gymnospermae; Angiospermae—Alismataceae to Iridaceae.
Категорија:Ендемска флора Канарски острови Категорија:Луковица