Георгиус Зоторус Запарус Фендулус бил автор, активен во текот на втората половина на 12 век, познат по неговoто дело Либер астрологие (лат: Liber astrologiae). Неговиот точен идентитет не е познат - ова име е веројатно псевдоним, но се претпоставува дека бил свештеник поврзан со дворот на кралеви на Сицилија.

Детали Фендулус, кој во прологот на својата книга се нарекува себеси „свештеник на Г. филозоф и дворјанин“, ја составил Либер астрологие од значителни извадоци од латинскиот превод на Херман Корушки, Големиот вовед во астрологијата на Абу Машар. Прототипот на книгата се смета за исчезнат, но текстот е копиран во неколку богато илустрирани ракописи, од кои двата најстари преживеани примери се оние во Нациоанлата библиотека на Франција, (датиран околу 1220-1240) и Британската библиотека, (средина на XIV век).

Ракописите Либер Астрологие се значајни по нивната серија луксузни илустрации на цела страница кои ги прикажуваат хороскопските знаци и соѕвездијата за кои се вели дека се издигнуваат покрај тие знаци. Соѕвездијата се организирани во сегменти од 10° од ноќното небо, три по секој хороскопски знак и паралелно следат три традиции на каталогизирање ѕвезди: „според Персијците“, „Индијанците“ и „Грците“. Ракописите на Фендулус исто така вклучуваат збир на фигури што ги претставуваат седумте богови на планетите, од кои секој е прикажан четири пати, илустрирајќи комбинацијата на секоја планета со одреден хороскопски знак што влијае на моќта на таа планета (пр: престој, штета, воздигнување и пад)

Литература

Перез-Хименез, Аурелио; Липинкот, Кристен; Барнет, Чарлс; Хубнер, Волфганг; и Кид, Питер (2023). Liber astrologiae (Трактат на Абу Машар) . Барселона: M. Moleiro Уредник. Gousset, Marie-Thérèse и Verdet, Jean-Pierre (1989). Georgius Zothorus Zaparus Fendulus: Liber astrologiae. Париз: Национална библиотека. Кларк, Вики Армстронг (1979). Илустрирани скратени астролошки трактати на Албумасар: Средновековна астролошка слика на Запад . Докторска дисертација. Универзитетот во Мичиген. Саксл, Фриц и Мајер, Ханс (1953). Каталог на астролошки и митолошки илуминирани ракописи од латинскиот среден век. Том III, 1–2: Ракописи во англиски библиотеки. Лондон: Институт Варбург.

Белешки

Надворешни врски

Дигитален факсимил на Liber astrologiae во Националната Библиотека на Франција, латински 7330. Факсимилско издание на Liber astrologiae (трактат на Абу Машар), Sloane MS 3983, објавено од M. Moleiro Editor . Георгиус Зоторус Запарус Фендулус во порталот Библисима. Категорија:Астролози