мини|270x270пкс|Меденка Меденка, медена габа, меден агарик или медоносна печурка (латински: Armillaria mellea) е условно јадлива печурка од фамилијата Armillaria. Расте во Европа и Северна Америка, исклучиво на дрвја или пенушки, како збиени кластери или како грмушки. Може да се најдат и поединечно растечки примероци. Бојата на капачето многу варира, од светла боја слична на мед до потемни тонови на иста боја, при што средниот дел на капачето секогаш е потемен. На стеблото има и прстен. За јадење се берат само млади печурки, со затворени или штотуку отворени капачиња. Некои луѓе не можат да ја толерираат оваа печурка, бидејќи постарите примероци тешко се варат. Печурката е и лековита, а наводно свети во темница. Оваа печурка е одлична за маринирање. Особено е ценета во Русија, Украина, Италија и Јапонија.
Опис Капачето на габата е широко од 5 до 10 сантиметри, прилично е месесто, со боја на мед, понекогаш со разни нијанси на жолто-црвеникава боја, покриена со потемни лушпи кои се губат или остануваат трајно. Работ е засечен, прво испакнат, потоа конвексен и на крајот целосно отворен.
Ливчињата се густи, најпрвин бели, подоцна црвеникаво-прашкасти, закачени на стеблото или запчесто се спуштаат.
Стеблото е високо до 15 сантиметри, жолто-кафеаво, кон основата црникаво, цилиндрично, задебелено на долниот дел, влакнесто, прво полно па подоцна шупливо, под капачето е бело-црвеникаво и исцртано. Носи белузлаво, трајно венче кое личи на ткаенина.
Месото е бело или бледо, има мирис на печурки и е со слаб вкус.
Спорите се елипсовидни, во маса бели, со димензии 5 – 10 x 5 –6 μm.
Хемиски реакции Во допир со сулфурна киселина H2SO4, месото поцрвенува, со лактофенол станува кафеаво-виолетово, додека со калиум хидроксид месото моментално добива кафеава боја.
Живеалиште Расте наесен во дабови и габерови шуми и на иглолисни трупци.
Употребливост Меденката е условно јадлива, доста вкусна но се користи само капачето бидејќи стеблото е тврдо и фиброзно. Тешко се дигестира, па кај некои луѓе предизвикува повраќање.
Лековити својства Бидејќи оваа печурка е богата со витамини и минерали, се смета за добар тоник и го зајакнува имунитетот. Според кинеските истражувања има изразено антиканцерогено дејство. Во Кина се прават таблети од меденка кои лекуваат несоница, неврастенија, невроза и главоболки, го намалува високиот крвен притисок, благотворно делува на вид, ефикасни се при гастритис и помагаат при респираторни заболувања.
Сличности Меденката расте исклучиво на трупците, но може да расте и на живи дабови дрвја. Боите се многу променливи; па можно е да се замени со јадливата Pholiota mutabilis, која има дискретно венче и ливчиња окер обоени. Прилично е тешко да се помисли дека може да се замени со печурки што не се јадат и кои растат во кластери на истото живеалиште. Едни од тие печурки се: Hypholoma fasciculare - има зеленикаво-сини ливчиња, има сулфурна боја и нема венче и Hypholoma lateritium која има претежно црвеникава боја и нема венче.
Состав на хранливи материи +Состав во проценти Дел од печурка Свежа печурка Сува материја Вода Сува материја Протеини Масти Манитол Шеќер Целулоза Екстрактивни супстанции Пепел Стеблото 92,53 7.47 26,91 4.62 9.16 2.91 44.07 3.52 8.81 Шапка 92,80 7.20 28.16 4.92 10,74 3.18 37,58 4.50 10,92
Галерија
Литература
Grlić, Lj., "Samoniklo jestivo bilje", Zagreb, 1980. Ewald Gerhardt: *BLV-Handbuch Pilze", München 2006, ISBN 3-8354-0053-3 Višnevskij,M. Lekarstvene gribi - bolšaja enciklopedija,Moskva 2014.
Наводи
Категорија:Јадливи габи Категорија:Лековити габи