десно|мини|300x300пкс| Патеката обележана со сина боја десно|мини|200x200пкс| Булевар на брези покрај патеката во реонот Рудник. десно|мини|200x200пкс| Останки од италијански воен бункер во реонот Шишка. Патека на сеќавањето и другарството (словенечки: Pot spominov in tovarištva initials), позната и како патека од жица, патека околу Љубљана, или зелен прстен — рекреативна и меморијална патека поплочена со чакал речиси 33 километри долга и 4 метри широка околу градот Љубљана, главниот град на Словенија. Пешачката патека води покрај езерцето Кошезе и преку ридот Головец.
За време на Втората светска војна, провинцијата Љубљана, анексирана од фашистичка Италија, била подложена на брутална репресија по појавата на отпорот. Италијанските сили поставиле ограда од бодликава жица околу Љубљана за да ја спречат комуникација помеѓу подземните активисти на Ослободителниот фронт во Љубљана и словенечките партизани во околните села.
Оградата од бодликава жица го опкружувала градот од февруари 1942 година до посетата на Тито на 26 јуни 1945 година, по ослободувањето на градот на 9 мај 1945 година.
Изградбата на патеката започнала во 1974 година и била завршена во 1985 година. Таа била обележана со таблички, информативни табли со мапа на патеката, споменици и метални ознаки, како и таблички на свртувањата. Биле засадени 7.400 дрвја од 49 видови дрвја. Од 1988 година, таа била заштитена како споменик на природата.
Патеката ја користат многу жители на Љубљана за пешачење, трчање и возење велосипед секој ден. За време на снежните зими, на некои од нејзините делови се поставуваат патеки за крос-кантри скијање. За време на викендот кој паѓа околу 9 мај секоја година, од 1957 година, се одржува традиционален рекреативен Марш покрај Жицата за да се одбележи ослободувањето на Љубљана на 9 мај 1945 година. Тие кои ја поминуваат целата дистанца и ќе собират печати на сите осум контролни точки, добиваат спомен-значка и медал. Поради растот на Љубљана низ годините, патеката сега поминува низ некои урбани области.
Наводи
Надворешни врски
Словенечка/англиска брошура за патеката Гугл водич Љубљана: Зелениот прстен на Љубљана .
Категорија:Географија на Љубљана