мини|300x300пкс|Карта на Рилско-родопскиот Масив со Девинско (среден дел) Девинско (во минатото: Довленско) — историско-географска област во јужна Бугарија околу градот Девин.
Територијата на областа приближно се совпаѓа со некогашната Девинска околија, а денес ги вклучува општините Девин и Борино, речиси целата Општина Доспат (без селото Брштен и Црнча во Неврокопско) и северозападниот дел на општина Смољан (селата Стојките, Водата, Граштица, Мугла, Чамла, Врбово, Сливово, Гела, Заевите, Магарџица, Кукувица, Стикал, Солишта и Широка Л’ка), како и градот Срница во истоимената општина, селото Осина во општината Сатовча и потопеното село Черешово, чиј атар е припоен кон општината Кричим.Статистички преглед на Девинската околија
Сместена е во поречието на реката В’ча во Западните Родопи. Се граничи со Пештерско и Пловдивско на север, Асеновградско на исток, Смољанско и Драмско (Егејска Македонија) на југ и Разлошко (Пиринска Македонија) на запад.
Наводи
Категорија:Историско-географски области во Бугарија Категорија:Географија на Бугарија