Карлос Жоаким "Си Џеј" Антунеш дош Сантош (роден на 24 август 2000, во Филаделфија) е американски фудбалер, на Сан Диего.

Биографија Дош Сантош е роден во Филаделфија, САД, од татко од Зелено’ртски Острови и мајка португалка.

Клупска кариера Дош Сантош започнал да игра фудбал на 2-годишна возраст, а својот развој натаму го продолжил во локалните фудбалски академии на Фоксчејс, Филаделфија СК и Делко пред да се пресели во Филаделфија Јунион во 2013 година. Во август 2016 година, на 16-годишна возраст, тој влегол во академијата на еден од најпознатите португалски клубови Бенфика.

Своето професионално деби во својата кариера го направил за вториот тим на Бенфика, Бенфика Б, во ремито 1–1 против Порто Б во Сегунда лига на 25 јануари 2021 година. Тој го чувал голот и во следниот натпревар против Вилафранкенсе на 31 јануари, но до крајот на сезоната не настапил повеќе ниту еднаш останувајќи втора опција зад Миле Свилар.

Не можејќи да се избори за поголема минутажа во Бенфика, дош Сантош се вратил во својата родна земја, потпишувајќи договор со екипата на Интер Мајами на 11 февруари 2022 година. Бранејќи првично за вториот тим во МЛС Некст Про лигата, во сезоната 2023 тој бил почесто повикуван во првиот тим како резерва за првиот голман Дрејк Календер. Своето деби во МЛС го направил на 22 октомври 2023, во последното коло од регуларната сезона во МЛС 2023, започнувајќи како стартер на голот на Интер Мајами во поразот со 1-0 од Шарлот.

На 12 декември 2024, тој потпишал за новиот клуб член на МЛС, Сан Диего. Своето деби го направил во првиот натпревар на клубот во МЛС во неговата историја, запишувајќи сува мрежа во победата со 2-0 на гостувањето кај актуелниот шампион Лос Анџелес Галакси на 23 февруари 2025.

Репрезентативна кариера Си Џеј дош Сантош е младински репрезентативец на САД, претставувајќи ја земјата со репрезентацијата под 17 години на КОНКАКАФ првенството под 17 години и Светското првенство под 17 години. Во 2019 година, тој два пати настапил за репрезентацијата под 20 години.

Во декември 2020 година, тој бил повикан на тренинг камп со сениорската репрезентација на САД во декември 2020 година.

Статистика Клупска статистика Статистикате е ажурирана на 2 март 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020-2021 Бенфика Б СЛ 2 -3 - - - - - - - - - 2 0 2021-фев. 2022 СЛ 0 0 - - - - - - - - - 0 0Вкупно Бенфика Б 2 0 - - - - - - 2 -3 2022 Интер Мајами МЛС 0 0 УСКуп 0 0 - - - - - - 0 0 2023 МЛС 1 -1 УСКуп 0 0 - - - КЛ 0 0 1 -1 2024 МЛС 1 -4 УСКуп 0 0 КЛШ 0 0 КЛ 1 0 2 -4Вкупно Интер Мајами 2 -5 0 0 0 0 1 0 3 -5 2025 Сан Диего МЛС 2 0 УСКуп 0 0 - - - - - - 2 0Вкупно во кариерата 6 -8 0 0 0 0 1 0 7 -8

Титули Интер Мајами Supporters' Shield : 1 2024 Куп на лигите : 1 2023

Наводи

Надворешни врски

Си Џеј дош Сантош на soccerway Си Џеј дош Сантош на transfermarkt Си Џеј дош Сантош на espn Си Џеј дош Сантош на whoscored

Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Интер Мајами Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година