мини|Посатка за парфем, 20 век, берберски занает - Музеј на Старата скопска чаршија Прскало за мирис или ѓулебден е метална алатка за прскање мирис.

Опис Во садот се чувале мириси и од него се попрскувало со миризлива вода. Поставено врз тркалезна, широка ѕвончеста нога, телото на ѓулебданот има топчесто - кубеста форма. Кон врвот, преку еден раб, телото се стеснува. На сосема стеснетиот горен дел од телото е отворот во кој влегува цевката што оддолу нагоре благо се стеснува. Однадвор спојот меѓу телото и цевчестиот дел е обележан со украсен испакнат прстен, што едновремено е и затворач со навртка. Врвот на цевката завршува исто така зајакнат со прстен, со отвор во кој влегува конусниот затворач. Затворачот во горниот дел е издупчен со мали дупчиња, а се затвора со помош на навртка. Низ дупчињата на затворачот излегува водата што се става во телото од садот. Површината на телото од шишето за мирис е украсена со мотиви.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 110, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Наводи

Поврзано Парфем

Категорија:Метални садови