мини|364x364пкс|Мангал - Музеј на Старата скопска чаршија Мангалот е покуќнина која била наменета за разгорување, топлење и чување жар во домот.
Опис Мангалот служел за разгорување и чување жар за греење. Составен е од два дела, дрвена стојка и огниште направено од два вида метал. Внатрешниот дел во кој стои жарот е од бакар, додека венецот однадвор е од месинг. Делот од бакар во кој се става жарот е подлабок едноставен сад, а на неговиот горен раб е додаден месинганиот дел кој освен заштитна има и украсна функција. Украсниот венец е направен во неколку нивоа што со косина се спуштаат кон дрвената стојка. Работ што лежи на дрвото е засилен и свиткан нанадвор, а делот над него е украсен, во зависност од производителот. На горната половина од венецот, од две спротивни страни се поставени масивни рачки, подвижно прицврстени за венецот, поставени на две повисоки пупки. Рачките се леени. Дрвената стојка е направена од две табли на две нивоа, насреде со отвор во кој влегува огништето. Горната дрвена табла е помала и пониска, а долната е повисока и поширока. Страните на обете табли се со кружно извиени форми. Изработката на мангалот е многу прецизна, а шарите на дрвото и металот зависат од регион до регион. Во минатото, мангалот бил типичен предмет само во побогатите куќи во Македонија.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 99-100, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Наводи
Поврзано Камин Огниште
Категорија:Покуќнина