мини|Седиштето на Spotify во Стокхолм Spotify (се чита: Спотифај) — шведска музичка преносна услуга што овозможува слушање музика, аудиокниги и поткасти. Достапна е како веб-страница, апликации за сите главни оперативни системи, паметни телефони, паметни уреди и автомобилски медиумски системи. Од април 2024 г., има над 615 милиони месечни активни корисници, вклучувајќи 239 милиони платени претплатници. Тоа е најголемата и најпопуларна услуга за пренос на музика во светот.
За разлика од продажбата на физичките изданија или преземања, кои на изведувачите им плаќаат фиксна цена по продадена песна или албум, Spotify плаќа авторски права врз основа на бројот на слушања на изведувачот во однос на вкупниот број на слушани песни. Распределува приближно 70% од својот вкупен приход на носителите на правата (често музичките куќи), кои потоа им плаќаат на изведувачите врз основа на лични договори.
Во мигов е достапен во повеќе од 180 земји. Корисниците можат да бараат музика заснована на изведувач, албум или жанр, а истовремено можат да создаваат, уредуваат и споделуваат плејлисти.
Користење За користење на услугата, од секој претплатник се бара да создаде сметка. Корисниците можат да се претплатат и следат изведувачи, музички куќи, како и други корисници. Примената поддржува пребарување по наслов на песна, изведувач, наслов на албум, по жанр или плејлиста.
Покрај мрежната верзија, достапна е и апликација на работната површина за Windows, OS X, Linux и мобилна апликација за уреди со iOS, андроид, BlackBerry, Windows Mobile, Windows Phone, Symbian, webOS и MeeGo.
Достапност центар|мини|954x954пкс|Земји каде што е достапен Spotify
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
Категорија:Шведски претпријатија __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Програмска опрема за Windows Категорија:Претпријатија за програмска опрема Категорија:Шведски мрежни места Категорија:Музички мрежни места