300px|мини|Ѓумче за кафе Ѓумче е метален сад (ѓезве) за варење кафе кој се користел во Отоманска Македонија.
Опис Ѓумчето служело за варење кафе. Тоа има зарамнето тркалезно дно, телото почнува широко веднаш од дното и не зазема голем дел од садот. Кусото тело благо се стеснува и продолжува рамно нагоре во широк врат. Од едната страна на садот, од средината на долгиот врат се до отворот има поголем „клун“ со функција за полесно да истекува течноста. Од спротивната страна се наоѓа рачката. Таа почнува од дното, по должината на мешестото тело е припиена, а потоа нагоре е широко извиена полукружно. На крајот, во долниот дел и под самиот отвор се дели на два дела и е прицврстена за телото со чивии. Има капак на горниот дел од садот. Од внатрешната страна капакот е затворен со посебно парче, а кога го поклопува садот со мал дел влегува во отворот од ѓумот. Долниот дел по форма е широк и кубест, а нагоре со повишен дел завршува зарамнето и на врвот му е додадена пупка. Формите и на телото и на капакот на ѓумот се во склад и речиси наликуваат една на друга.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 87-88, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Наводи
Поврзано Ѓезве
Категорија:Садови за пиење Категорија:Метални садови Категорија:Кујнски прибор