Цинк азид — неорганско соединение составено од цинкови катјони () и азидни анјони ( ). Тоа е бела, експлозивна цврстина (цврста материја) која може да се подготви со протонолиза на диетилцинк со азотоводородна киселина:

Својства Цинк азидот е координативен полимер кој се кристализира во три полиморфи, од кои сите се одликуваат со тетраедарски цинкови центри и премостувачки азидни лиганди. α- кристализира во моноклинска просторна група и е стабилен, додека другите два полиморфи се метастабилни. P21/n. β- е тригонална, просторна група P3221, а γ- е моноклинска, просторна група C2.

Лесно се хидролизира, а обидите да се подготви во воден раствор резултирале со таложење на основни азиди (x = 0,9-1,0). Утврдено е дека и α- и β-обликот се многу чувствителни на триење и удари, силно експлодирајќи во сини блесоци, но може да се натера да се разложува полека со нежно загревање, при што испушта азотен гас. Во запечатена стаклена цевка со инертна атмосфера, се добива цинк нитрид, .

Наводи

Категорија:Експлозивни хемикалии Категорија:Азиди Категорија:Соединенија на цинкот Категорија:Статии со изменета назнака за CASNo Категорија:Статии без извор од InChI