Terrifier 2 (се изговара: Терифаер 2), во неофицијални преводи Ужасител 2 — американски натприроден слешер објавен во американските кина на 6 октомври 2022 г. Режисер, сценарист, монтажер и продуцент е Дејмиен Леоне. Тоа е продолжение на филмот Terrifier (2016); втор филм од истоимената франшиза и третиот долгометражен филм со кловнот Арт. Главните улоги ги толкуваат глумците од предисторијата: Дејвид Хауард Торнтон и Саманта Скафиди, кои ги толкувале и улогите на кловнот Арт и Викторија Хејз, соодветно; Покрај нив, во филмот играат и Лорен Лавера, Елиот Фалам, Сара Војт, Кејли Хајман и Кејси Хартнет. Заплетот го следи Арт, кој воскреснал од мртвите, додека ја гони тинејџерката Сиена Шо на Ноќта на вештерките; Во еден миг, Сиена сфаќа дека само таа може да го убие.
Во Македонија премиерата била на 10 ноември 2022 г. Насловот на филмот официјално бил оставен во оригинал од македонските дистрибутери. Во превод Terrifier значи „застрашувач, ужасител“.
Во октомври 2024 г. излегол третиот дел, Terrifier 3.
Содржина Поминало точно една година од злогласениот колеж во округот Мајлс. Сериски убиец, морничавиот кловн Арт се враќа токму на време за Ноќта на вештерките. Воден од демонско видение, Арт овој пат цели на тинејџерка и нејзиниот помал брат. Како што се замаглуваат границите помеѓу стварноста и невидениот кошмар и расте бројот на тела, братот и сестрата откриваат мрачна семејна тајна што може да ги спаси и да стави крај на владеењето на ужасот на Арт.
Улоги
|Лорен Лавера |Сиена Шо |- |Дејвид Хауард Торнтон |кловнот Арт |- |Елиот Фалам |Џонатан Шо |- |Сара Војт |Барбара Шо |- |Кејли Хајман |Брук |- |Кејси Хартнет |Али |- |Чарли Макелвин |Џеф |- |Амели Маклејн |бледото девојче |- |Џонатан Дејвис |Рики |- |Саманта Скафиди |Викторија Хејз |- |Крис Џерико |Адам Берк |- |Недим Јахиќ |Травис Брајант
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Филмови од 2022 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови за демони Категорија:Американски хорор-филмови