Terrifier (се изговара: Терифаер) — американски нискобуџетен слешер од 2016 г. Филмот бил режиран од Дејмиен Леоне, кој го отелотворил кловнот Арт, како и во неговите кусометражни филмови The Ninth Circle (2008) и истоимениот Terrifier (2011) и филмот All Hallows' Eve (2013). Во филмот играат Џена Канел, Саманта Скафиди, Кетрин Коркоран и Дејвид Хауард Торнтон. Главното опкружување на филмот е трошна станбена зграда што делува како лавиринт низ кој јунакињите, Тара Хејз и нејзината сестра Викторија, мораат да се движат додека се борат со кловнот Арт.
Премиерата на филмот била на Telluride Horror Show на 15 октомври 2016 г., а во САД на 15 март 2018 г. Продолжението, насловено Terrifier 2 било објавено во 2022 г. Во 2024 г. излегол третиот дел, Terrifier 3.
Содржина Манијак по име кловнот Арт тероризира две пријателки на Ноќта на вештерките и секој што ќе му се најде на патот.
Улоги ГлумецУлогаЏена КанелТара ХејзСаманта СкафидиВикторија ХејзДејвид Хауард Торнтонкловнот АртКетрин КоркоранДон ЕмерсонПуја Мохсенижената со мачкатаМет МакалистерМајкКејти МагвајерМоника БраунЕрик ЗамораРамонКори ДувалСет БолтонМајкл ЛивиВилЏино КафарелиСтив
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Филмови од 2016 година Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови за демони