Противкорупциски протести во Србија (2024-2025)300x300пксПротест на 22 декември на плоштадот Славија во БелградДатум3 ноември 2024 — тековно(4 месеци и 4 дена)ЛокацијаСрбија дел од српската дијаспораПовод Уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад Корупција на власта Цензура Авторитарна власт Полициска бруталностЦели Правда за жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица Одговорност за перцепираната небрежност на владата Оставка на министерот Горан Весиќ и уште неколку високи државни функционериŠljukić, Mihaela (16. 1. 2025). „Novi spin vlasti: Niko ne zna šta su zahtevi studenata”. Istinomer (на језику: српски). Приступљено 18. 1. 2025. CS1 одржавање: Формат датума (веза)
Барања на студентите:
Објавување на сите документи поврзани со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад Потврда од надлежните за идентитетот на сите лица за кои постои основано сомнение дека физички нападнале студенти и професори Отпуштање на сите јавни функционери кои нападнале студенти и професори Отфрлање на кривичните пријави против уапсените и приведени студенти на протестите, како и прекин на веќе покренатите кривични постапки Зголемување на буџетот за високо образование за 20 процентиМетоди Демонстрации Сообраќајни блокади Граѓанска непослушност Окупирање зградиСтатусво текКонцесије Оставка на Горан Весиќ Оставка на Томислав Момировиќ Оставка на Милан Ѓуриќ Оставка на Милош ВучевиќСтраниврска=|алт=|граничник|23x23пкс Влада на Република Србија
Полиција Безбедносно-информативна агенција
Владини партии
Српска напредна партија и коалиција Социјалистичка партија на Србија—Единствена Србија Заветници
Меѓународна поддршка
врска=Европска_унија|алт=Европска унија|граничник|23x23пкс Политички партии од Европскиот парламент: Европа на суверени нации Патриоти за Европаврска=|алт=|граничник|23x23пкс Антивладини демонстранти
Студенти
Поддршка
Партија на слободата и правдата Демократска партија Нова демократска партија на Србија Движење за обнова на Кралството Србија Лига на социјалдемократи на Војводина
Меѓународна поддршка
врска=Европска_унија|алт=Европска унија|граничник|23x23пкс Политички партии од Европскиот парламент: Напреден сојуз на социјалистите и демократите Европска зелена партија Обнова на ЕвропаВодечки фигури Александар Вучиќ Милош Вучевиќ Ана Брнабиќ Александар Вулин Маја Гојковиќ Ивица Дачиќ Милица Ѓурѓевиќ СтаменковскиСтудентиБројНема официјални податоциНема официјални податоци Проценки:100.000 во Белград22.000 во Нови Сад15.000 во Ниш
Во ноември 2024 година во Нови Сад започнале серија масовни протести по уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, во која загинале 15 лица, а двајца биле тешко повредени. Од 2 февруари 2025 година, протестите се прошириле во 200 града и населени места во Србија. Протестите ги предводат студенти што бараат одговорност за уривањето на настрешницата.
Блокадите на образовните објекти првично почнале на 22 ноември на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) откако студенти биле нападнати за време на оддавање почит за жртвите од уривањето на настрешница. Набрзо потоа следеле блокади на други факултети и средни училишта. Секој петок демонстрантите ја спроведувале акцијата „Застани, Србијо“ блокирајќи го сообраќајот. Акциите потоа почнале да се одржуваат секојдневно. Блокадата се спроведувала од 11:52 часот, точното време на уривањето на настрешницата во Нови Сад, до 12:07 часот, за симболично да се одбележат 15-те загубени животи во катастрофата.
Студентски барања
Список на барања Студентите ги објавиле своите барања преку Инстаграм-страницата Студенти во блокада, а помеѓу останатите, биле пренесени од дневниот весник Данас и Б92:
Објавување на сите документи поврзани со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад Отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените на протестите Поднесување кривична пријава против напаѓачите на студенти и професори Зголемување на буџетот за високото образование за 20 проценти
Краток пресек на важните случувања
1 ноември 2024 — Уривање на настрешницата на железничката станица Нови Сад. 5 ноември 2024 — Министерот за градежништво Горан Весиќ поднел оставка. 5 ноември 2024 — Прв протестен марш на граѓани во Нови Сад. 8 ноември 2024 — Блокада на Варадинскиот мост во Нови Сад. 25 ноември 2024 — Студентите на Факултетот за драмски уметности изгласале блокада на факултетот на пленум. 22 декември 2024 — Голем протест на плоштадот Славија. 24 јануари 2025 — Одржан митинг на коалицијата околу владејачката партија во Јагодина, на кој говореше претседателот на Србија Александар Вучиќ. 27 јануари 2025 — Блокада на Автокоманда на 24 часа. 28 јануари 2025 — По нападот и нанесувањето тешки телесни повреди на една студентка, претседателот на владата Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ поднеле оставки. Оставката на Вучевиќ сè уште не е потврдена во Собранието. 30 јануари 2025 — Група студенти тргнале пеш од Белград кон Нови Сад на протест на Мостот на слободата 1 февруари 2025 — Блокада на Мостот на слободата на 27 часа. 11 февруари 2025 — Група студенти пеш тргнале од Белград, Ниш, Краљево, Чачак и Нови Пазар кон Крагуевац на протестот што се одржал на празникот Сретение Господово. 15 февруари 2025 — Одбележување на празникот Сретение Господово во Крагуевац. Истовремено во Сремска Митровица владејачката коалиција исто така го одбележала празникот, а тогаш била прогласена и декларација за Војводина. 1 март 2025 — Протестен собир насловен „Студентски едикт“ во Ниш Српскиот претседател Александар Вучиќ ја започнал посетата на Борскиот и Заечарскиот Округ.
Белешки
Наводи
Категорија:Историја на Нови Сад Категорија:Протести во Србија Категорија:Статии со извори на босански (bs)