Ленче Гигова ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Пред војната учествувала во напредното работничко движење и била близок соработник на Павлина и Румена Хаџипанзови, познати учеснички во комунистичкото движење во Велес. Со одпочнувањето на вооруженото востание, својот дом го ставила на располагање на партиската организација и во него се одржувале илегални состаноци и престојувале илегалци. Собирала народна помош, пренесувала илегален материјал и растурала летоци низ градот. Учествувала и во антифашистичката демонстрација на жените од Велес, во мај 1942 година, и протестирала пред полицискиот началник за апсењето на младинците од градот, барајќи го нивното ослободување.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ