Ташко Начиќ (; 7 април 1934 – 27 март 1993 година) ― југословенски и српски глумец.
Ран живот По татко, Ташко е Влав со потекло од Заечар. Студирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што дипломирал во 1956 година.
Театар Во 1954 година станал член на Народниот театар во Белград, каде играл во претставите „Станоје Главаш“ и „Госпоѓа Министарка“. Набргу потоа заминал во театарот Бошко Буха, а потоа во новооснованото Ателје 212 каде останал до својата смрт. Глумел во бројни претстави како: „Арсеник и стара чипка“, „Картотека“, „Кралот Иби“), „Виктор или децата на власта“, „Кафаница, судница, лудница“, „Капите доле“, „Галеб“, „Марк и густа шума“, „Со задоволство оди Србинот со задоволство влегува во војска“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Пурпурен остров“, „Радован III“, „Чудо во Шарган“, „Не пукај, бре“ (монодрама), „Ожалостено семејство“, „Материјалисти“, „Пропаст на српското царство“, „Чапја“, „Кариера“, „Париска комуна“, „Свеќар“.
Филмови десно|мини| Биста на Начиќ во Крушевац. Во филмовите, тој првпат се појавил во филмот на Воислав Нановиќ, „Подобро е да се знае“ во 1960 година, а потоа во „Боксерите одат во рајот“, „Бубашинтер“, „Мајсторот и Маргарита“, „’Рбет“, „Кој тоа таму пее“, „Ало, такси!“, „Давител против давител“, „Матуранти“, „Викенд на мртовци“, „Луди години“, „Тајната на манастирската ракија“, „Тесна кожа 4“ и „Јуриш кон собранието“.
Играл и во бројни ТВ серии и ТВ филмови, како „Дипломци“ и „Подобар живот“.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Починати во 1993 година Категорија:Родени во 1934 година Категорија:Глумци од Крушевац Категорија:Починати во Белград Категорија:Српски машки глумци од 20 век Категорија:Југословенски глумци Категорија:Српски Власи Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности при Белградскиот универзитет Категорија:Српски машки телевизиски глумци Категорија:Српски машки театарски глумци Категорија:Српски машки филмски глумци Категорија:Луѓе со потекло од Заечар Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)