ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Цветови“ ― детска градинка што се наоѓа во Кочани. Таа е огранок на главната градинка „Павлина Велјанова“.

Местоположба Градинката се наоѓа во северниот дел на градот, непосредно до Градскиот пазар и во близина на џамијата Дуди Ханум.

Историја Изградбата на објектот почнала во почетокот на 80-те години од 20 век и се одвивала бавно, во период од скоро две децении. Свеченото предавање во употреба било на 19 јануари 2001 година. Комплетирањето на изградбата било помогнато со финансиска помош од Владата на Република Кина - Тајван.

На отворањето на објектот присустувал и тајванскиот амбасадор Питер Ченг, во придружба на своите соработници, како и министерот за труд и социјална политика, Бедредин Ибраими и други гости и граѓани. Притоа, амбасадорот Ченг истакнал дека овој објект е во низата од шест инфраструктурни проекти што во Македонија ги помага неговата земја, а износот на вложените средства се движел околу 22 милиони денари.

Галерија

Поврзано Објект „Бамби“ Објект „Ѕвездички“ Објект „Детелинка“ Објект „Сончогледи“ Објект „Кокичиња“

Наводи

Надворешни врски „Цветови“ на Златна книга

Категорија:Детски градинки во Кочани