мини|Графика на сапунари во 19 век Сапунџиски занает исто наречен мунџиски занает — изработка на лоени свеќи и сапун. Со овој занает претежно се занимавало христијанското население.
Историјат Сапунџиите работеле со лој, пршки, отпадоци од масло и отпадоци од застоена риба, како и рибино масло и течност направена од пепел и вода. Од 1870 година од странство дошла нова технологија за изработка на сапун, при која се користела сода наместо пепел. Сапунџиите во Македонија не биле во можност да се прилагодат на новиот начин на работа и на новите суровини, посебно не можеле да произведат поевтин сапун. Затоа многу сапунџии почнале да пропаѓаат за што придонела и несоодветната царинска маржа. Посебно не можеле да ја издржат странската конкуренција на сапуни кои доаѓале од Солун. Од друга страна, пак, и месарите започнале да прават сапуни затоа што ги имале суровините.Д-р Киро Дојчиноски: Занаетите и еснафите во Скопје, ММ, Скопје, 1996, стр. 117
Кон почеток на 20 век во Скопје имало две работилници за сапун.
Наводи
Категорија:Занаети