Анибал Касис Годој Лемус (роден на 10 февруари 1990, во Панама) — панамски фудбалер, на Сан Диего и на панамската репрезентација.

Клупска кариера Годој ја започнал својата кариера во фудбалскиот клуб Чепо, во својата татковина, за кој дебитирал во 2007 година. Во ноември 2011 година, тој заминал за своето прво искуство во странство, приклучувајќи му се на аргентинскиот клуб Годој Крус заедно со својот сонародник Армандо Купер, откако претходно бил избран за Фудбалер на годината во Панама.Aníbal Godoy: “Siempre fue un sueño para mi” – PanamaFutbol

Не добивајќи можност ниту еднаш да настапи за Годој Крус, тој се вратил во Чепо каде играл уште една сезона пред да се пресели во Европа. Во август 2013, Годој потпишал за унгарскиот клуб Хонвед,Panameño Godoy firma para el Honved – CONCACAF за кој дебитирал на 1 септември 2013 во натпревар против Ракоци Капошвар. Во двете години во кои го носел дресот на Хонвед забележал вкупно 30 настапи без ниту еден постигнат гол.

На 6 август 2015 година, Годој потпишал за екипата на Сан Хосе Ертквејкс од МЛС лигата. Своето деби во МЛС го направил 15 август 2015, во победата со 1-0 на домашен терен над . Пет дена подоцна, тој го постигнал својот прв погодок за клубот во победата со 5-0 на гостувањето кај .

На 30 ноември 2017, тој го продолжил договорот со клубот за уште неколку години. Во 2018 година, Годој бил назначен за втор капитен на Сан Хосе Ертквејкс, зад иконата на клубот Крис Вондоловски, и за првпат излегол на теренот со капитенската лента на 15 април 2018 во ремито 2-2 на домашен терен против кога Вондоловски го започнал натпреварот на клупата.

На 7 август 2019 година, било објавено дека по завршувањето на сезоната 2019, Годој ќе се пресели во Нешвил за нивната инаугуративна сезона во МЛС во 2020 година. Сан Хосе за возврат добиле 650.000 американски долари. Својот прв гол за Нешвил го постигнал во победата со 1-0 на домашен терен над . По пет сезони во клубот тој бил отпуштен кон крајот на 2024 година.

На 19 декември 2024 година, Годој потпишал со уште еден нов клуб кој се приклучил во МЛС, Сан Диего. Договорот бил едногодишен со опција клубот да му го продолжи истиот.

Репрезентативна кариера Годој настапил за панамската репрезентација под 20 години на Светското првенство под 20 години 2007 во Канада.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 3 март 2010 година, во пријателски натпревар против Венецуела во Баркисимето кој завршил со победа на Панама од 1-2.

Првото натпреварување на кое ја претставувал Панама било КОНКАКАФ Голд купот 2011. Покрај во 2011, тој настапил на уште 4 првенства на Северна Америка во 2013, 2015, 2017 и 2023 година, стигајќи најдалеку до финалето на изданието во 2013, каде Панама загубила од САД со 1-0.

Во 2016 година, Годој учествувал со Панама на Копа Америка Сентенарио. Во вториот натпревар, против , тој бил исклучен во 31-вата минута после добивање на втор жолт картон.

Во 2018 година, откако за првпат во нејзината историја Панама се квалификувала за едно Светско првенство, Годој бил повикан да ја претставува земјата на мундијалот во Русија. Тој ги одиграл сите три натпревари во групната фаза против , и , во кој Панама забележала три порази и го завршила настапот на турнирот како последнопласирана репрезентација.

Од 2021 година, тој е капитен на репрезентацијата.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 15 март 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2007 Чепо A 3 0 - - - - - - - - - 3 0 2008 A 20 1 - - - - - - - - - 20 1 2009 A 25 3 - - - - - - - - - 25 3 2010 A 11 0 - - - - - - - - - 11 0 2010-2011 A 31 5 - - - - - - - - - 31 5 јан.-јун. 2012 Годој Крус ПД 0 0 КА - - КЛ - - - - - 0 0 2012-2013 Чепо A 20 1 - - - - - - - - - 20 1 авг. 2013 A 3 0 - - - - - - - - - 3 0 Вкупно Чепо 113 10 - - - - - - 113 10 2013-2014 Хонвед НБI 6 0 КУ+ЛКУ 1+0 0+0 ЛЕ - - - - - 7 0 2014-2015 НБI 18 1 КУ+ЛКУ 3+2 0+0 - - - - - - 23 1 Вкупно Хонвед 24 1 6 0 - - - - 30 1 2015 МЛС 10 2 УСКуп - - - - - - - - 10 2 2016 МЛС 23 1 УСКуп 0 0 - - - - - - 23 1 2017 МЛС 26+1Плејоф. 2 УСКуп 1 0 - - - - - - 28 2 2018 МЛС 27 0 УСКуп - - - - - - - - 27 0 2019 МЛС 15 0 УСКуп - - - - - - - - 15 0Вкупно Сан Хосе Ертквејкс 101+1 5 1 0 - - - - 103 5 2020 МЛС 20+1 1 - - - - - - - - 21 1 2021 МЛС 26+2 0 - - - - - - - - 28 0 2022 МЛС 19+1 1 УСКуп 1 0 - - - - - - 21 1 2023 МЛС 23+2 0 УСКуп 0 0 - - - КЛ 7 1 32 1 2024 МЛС 23 1 - - КЛШ 4 0 КЛ 2 0 29 1Вкупно Нешвил 111+6 3 1 0 4 0 9 1 131 4 2025 МЛС 3 0 - - - - - - - - 3 0Вкупно во кариерата 352+7 19 8 0 4 0 9 1 380 20

Репрезентативна статистика

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Панама20105020111102012802013190201431201516020168020171502018120201930202000202113220221312023100202490Вкупно1454

Наводи

Надворешни врски

Анибал Годој на soccerway Анибал Годој на transfermarkt Анибал Годој на espn Анибал Годој на whoscored

Категорија:Панамски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сан Хосе Ертквејкс Категорија:Фудбалери на ФК Нешвил Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026