мини|285x285пкс|Мавзолеј на гробиштата во Буенос Аирес Мавзолеј (множина: мавзолеи) — самостојна градба изградена како монументален надгробник, во која е сместена погребна комора со смртни останки на значајна личност или личности. Гробницата што не содржи смртни останки се нарекува кенотаф („празна гробница“).
Првиот мавзолеј
Зборот „мавзолеј“ потекнува од името на карискиот крал Мавзол, кој владеел од 376 г. до 353 г. пр. н. е. По неговата смрт, неговата сестра и вдовица Артемизија нарачала изградба на великолепна гробница во негово име, во главниот град Халикарнас (денешен Бодрум, Турција, во Мала Азија). Завршен околу 350 г. пр. н. е., овој прв мавзолеј станал едно од седумте чуда на древниот свет.
Градбата била во облик на 24-скалеста пирамида, висока 45 метри, со речиси квадратна основа со обем од околу 125 м. Споменикот бил поддржан од 36 столба, а на врвот се издигала впечатлива статуа на кочија влечена од четири коња. Цели 16 века мавзолејот бил во добра состојба, сè до силниот земјотрес во 1304 г., кој предизвикал негово рушење. До средината на XVI век, речиси сите камени блокови биле искористени за изградба на тврдини и жителства.
Наводи
Надворешни врски
Mausolea and Monuments Trust, gazetteer of mausolea in England Marvelous Mausoleums Around The World
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Мавзолеи Категорија:Згради и градби Категорија:Култура Категорија:Архитектура