Нада Давитковска - Паланкалија ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Таа била мнополска работничка. Пред војната му припаѓала на напредното младинско движење, а во 1941 година учествувала во штрајкот на монополските работници. Во 1942 година била избрана за член на СКОЈ и организирала и водела воени групи, а особено работела со младинци кои се подготвувале за заминување во партизани. Од 1943 година нејзиниот дом го ставила на располагање на партиската организација. Чувала дел од собраната народна помош и илегален материјал кој преку курири го испраќала нa козјачкиот терен. Од јули 1944 година била борец на Третата македонска ударна бригада и честопати се пријавувала во доброволните ударни групи. Учествувала во сите борби на Бригадата и со неа заминала на Сремскиот фронт, на должност воен делегат и заменик комесар на чета.

Поврзано Лена Давитковска - Паланкалика

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ