мини| Пример за рендгенски стил на уметност пронајден во уменоста на Абориџините во Австралија. Рендгенски стил на уметност, понекогаш наречена само рендгенски стил или рендгенска уметност, — праисториска уметничка форма во која животните (и луѓето) се прикажуваат со цртање или сликање на скелетниот систем и внатрешните органи.
Стилот може да датира уште од околу 8000 пр. н. е. во мезолитската уметност на северна Европа. Во околу 2000 пр. н. е. се проширило во Африка, Јужна Азија и Австралија каде што најчесто се наоѓа денес, а примероците се датирани уште во 4600–3000 пр. н. е. Сепак, исто така е пронајден во ловечките култури во (Северна Шпанија), Сибир, Северниот Поларник, Северна Америка, западна Нова Гвинеја, Нова Ирска, Индија и Малезија.
Најчестиот предмет на рендгенската уметност е рибата (поради нејзината важност во исхраната на Абориџините); сепак, вклучува и многу други животни, луѓе и митски суштества, вклучувајќи фигури долги до 2,5 метри.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Камено време Категорија:Средно камено време Категорија:Праисториска уметност