Велешко благотворително братство „Рајко Жинзифов“ — родољубива и благотворителна општествена организација создадена од македонските емигранти во Бугарија, доселени од Велес и велешкиот реон. Во чест на македонскиот преродбеник и писател со влашко потекло Рајко Жинзифов, организацијата го носело неговото име. Главното седиште било во Софија. Историја Организацијата била формирана на 10 април 1899 година, според бугарскиот историчар Добрин Минчев. Покрај тоа нејзиниот прв устав бил воведен на 2 јуни 1902 година и допонително изменет на 13 декември 1931 година. Патронатот на организацијата била одржана на 17 февруари или првиот неделен ден на март — роденденот на Рајко Жинзифов.

Велешкиот делегат на Уставотворната средба на македонските братства од 28 ноември 1918 година до 1 јануари 1919 година бил Александар Мартулков, според некои бугарски дела, братството го одбрало Јордан Шурков. Во јануари 1923 година делегати од велешкото братство за обединувачкиот конгрес на СМЕО и МФРО биле Славејко Матов, Стојан Симеонов и Трајче Новоселец.НБКМ-БИА C VIII 38

Во годишниот собир на братството на 21 декември 1924 година, Иван Поп Јорданов, братучед на Миле Поп Јорданов, бил назначен за претседател, Тодор Хаџи Стојнов за потпретседател, Александар Јорданов и Никола Пешев за секретари и Борис Јорданов, Христо Чочков, Димитар Атанасов Анатков како членови на советот. Во контролната комисија членови биле Јанко Весов, Љубомир Драндаров и Милан Бојаџиев. На 10 јануари 1926 година, бил организиран нов состав за организацијата, Илија Раштанов за претседател, Јордан Китев за потпретседател, Д. Ат. Ризов за секретар, Н. Пешов за благајник и Тр. Новоселец, Љуб. Драндаров и Ал. Иванов за советници.

Во 1936 година во управителното тело на братството влегле Јордан Панчев, Михаил Шурков, Тодор Јорданов, Георги Поп Димитров Ѓорчев од Солун, Димитар Атанасов Ризов, Тодор Петров Богданов, Кирил Христов Соколов и Димитар Трајчев Кантарџиев. Во 3 мај 1938 година бил образован нов состав, Иван Петров Јорданов за претседател, Димитар Атанасов Ризов за потпретседател, Михаил Шурков, роднина на Јордан Шурков и Андон Шурков за секретар и Георги Димитров Поп Ѓорчев за благајник додека Никола Неделков Крстев, Тодор Лазов Хаџи Стојанов и Иван Панов Кушев биле советници. Во контролната комисија влегле Тодор Петров Богданов како претседател, Кирил Христов Соколов и Илија Андреев Топчев за членови.

За време на бугарската фашистичка окупација, велешкото благотворително братство било обновено и преместено во Скопје како дел од бугарската пропаганда. Во новата организација, Иван Поп Јорданов бил назначен за претседател.ЦДА, ф.1960к, оп.1, а.е.32, л.2

Наводи

Категорија:Историја на Велес Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Организации во Бугарија Категорија:Македонска емиграција Категорија:Организации со седиште во Софија Категорија:Македонски емигрантски организации во Бугарија Категорија:Македонски братства Категорија:Појавено во 1899 година