Вљубениот ерген (тур: Kiralık Aşk) е турска телевизиска серија, која се снимаше во период од 2015 до 2017 година. Главните улоги во серијата ги играат: Бариш Ардуч и Елчин Сангу. Серијата во Македонија се емитуваше на Сител.
Содржина По смртта на родителите, сиромашната и весела Дефне не се предала и продолжила силно да се бори со сите предизвици на животот. Таа работи како келнерка и заработува за да се грижи за својата баба, својата помала сестра, па дури и за својот постар брат. Никогаш не се жали за пари, и сепак живее среќно, онака како што налагаат условите. Нејзиниот едноставен живот почнува да се комплицира кога дознава дека нејзиниот брат прокоцкал 200 илјади лири кои им се потребни за да се плати киријата. Од друга страна го запознавае Омер, млад, згоден и богат сопственик на познат бренд за чевли. И неговите родители починале рано, па мирот го нашол во една мала продавничка каде и самиот почнал да изработува чевли. Од мала продавничка успеал да направи препознатлив бренд на обувки и да создаде империја на богатство и пари. И покрај богатството на неговиот дедо, тој не ги сакал неговите пари, туку сѐ во животот постигнал сам, благодарение на волјата, трудот и истрајноста. Овие два сосема спротивставени светови, светот на сиромашната и бунтовна Дефне и светот на богатиот и сериозен Омер, еден ден, сосема случајно ќе се спојат на неочекуван начин. Омер доаѓа во ресторанот каде работи Дефне заедно со девојката, која му е "наместена" од неговата тетка Нериман. Тој не сака договорени врски, па за да ја откачи девојката, во момент смислува план, штом ќе ја здогледа келнерката. Омер ја бакнува келнерката Дефне и ѝ кажува на девојката со него дека всушност Дефне му е девојка. На тој начин успева да го уништи договорениот состанок, наметнат од неговото семејство, но она што не знае е дека... неговата тетка Нериман е во ресторанот и го гледа сето тоа. Нериман е исплашена дека целото богатство ќе им биде земено од свекорот кој поставува услов дека тоа ќе го направи ако во рок од шест месеци Омер не се ожени. Затоа Нериман ѝ предлага на Дефне еден чуден план - да стане личен асистент на Омер и во рок од шест месеци да го натера да се вљуби и ожени со неа. А за возврат, ќе ѝ даде пари, кои на Дефне ѝ се потребни за да го исплати долгот на братот. Дефне не сакаше да влезе во таа игра, но мора за да го спаси братот и да започне нов живот. Така започнува играта на Дефне, исполнета со многу хумор, но и љубов. Ќе може ли да ја исполни ветената мисија? Дали Омер ќе ја дознае играта на Дефне и неговото семејство? Омер и Дефне се вљубуваат еден во друг, но кога тајната ќе биде откриена, романтичната комедија нема повеќе да биде иста.
Улоги ГлумецУлогаБариш АрдучОмер ИпликчиЕлчин СангуДефне Топал ИпликчиСалих БадемџиСинан КаракајаМужде УзманСеда БеренселСечкин ОздемирПамир МарденОнур БујуктопчуКорај СаргинСинем ОзтуркЈасемин КајаларМелиса ШенолсунСуде ИпликчиНергис КумбасарНериман ИпликчиЛевент УлгенНеџми ИпликчиФерди МертерХулуси ИпликчиАјберк АтилаСадри УстаДеврим ЈалчинДениз ТранбаИсмаил КарагозШукруХанде АолуМинеХикмет КормукчуТурканМелиса Гиз ЏенгизЕсра ТопалКерем ФиртинаИсмаилСанем ЈелесНихан ТопалОсман АкчаСердар ТопалРагип ГуленЗубејир ТашчаланСелин УзалДерјаЕлифџан ОнгурларФикрет ГалоСимге ДоганларЕџеЛејла Лидија ТугутлуИзОзлем ГезгинНазлиџанЕндер СакалиВедатБариш Мурат ЈагџиЕјмен
Надворешни врски
Категорија:Турски телевизиски серии