мини|300x300пкс| Морска желка заплеткана во мрежа Напуштените мрежи се рибарски мрежи кои се напуштени, изгубени или на друг начин фрлени во океанот, езерата и реките. Овие мрежи, честопати речиси невидливи на слабо светло, може да се остават заплеткани на карпест гребен или да лебдат на отворено море. Тие можат да заплеткаат риби, делфини, морски желки, ајкули, дугонги, крокодили, морски птици, ракови и други суштества, вклучително и човек нуркач. Мрежата го ограничува движењето, предизвикува глад, посекотини и инфекција, и гушење кај оние кои треба да се вратат на површината за да дишат. Се проценува дека секоја година се губи околу 48 милиони тони рибарска опрема, не вклучувајќи ја опремата што била напуштена или фрлена, што може да остане во океаните значително време пред да се распадне.
Опис мини|300x300пкс| Многу морски видови, вклучувајќи желки, ајкули, китови, делфини и дугонги се заплеткуваат во овие мрежи, и повеќето остануваат незабележани мини|300x300пкс| Многу од овие пловки за рибни мрежи завршуваат на островските плажи околу Пацификот. Без пловка, мрежата може да лебди во океанот каде што ги заплеткува рибите, птиците и морските цицачи.
Ако е мрежата оставена без надзор, таа може да продолжи да фаќа риба додека тежината на уловот не ја надмине пловноста на пловките. Мрежата потоа тоне, а рибите стануваат храна на ракови кои живеат на дното, и на други риби. Мрежата потоа може повторно да се крене нагоре во водата, и циклусот продолжува од почеток. Со оглед на висококвалитетната синтетика што се користи денес, распаѓањето на мрежата може да трае долго време.
Проблемот не се само мрежите, туку опремата воопшто: старомодни стапици за ракови исто така има на дното, каде што остануваат да бидат стапици што го заробуваат морскиот живот со години. Дури и жицата за трските може да биде смртоносна за различни суштества, вклучувајќи птици и морски цицачи. Со текот на времето помала е веројатност рибите да бидат заробени во мрежа која била во вода долго време.
Рибарите понекогаш ги фрлаат во водата истрошените мрежи, најчесто тоа е најлесниот начин да се ослободат од нив.
Француската влада понудила награда за да се извадат од морето и да се предадат на локалната крајбрежна стража напуштените мрежи, долж деловите на брегот на Нормандија, во периодот меѓу 1980 и 1981 година. Проектот бил напуштен кога луѓето вандализирале мрежи за да бараат награди, без воопшто да извадат ништо од брегот или океанот.Andres, Von Brandt (1984) Fish catching methods of the world .
Во септември 2015 година, од Светската заштита на животните била создадена група за да се бори за каузата.
Влијание врз животната средина Од 2000 до 2012 година, Националната служба за морски риболов пријавила просечно 11 големи китови заплеткани во напуштени мрежи секоја година долж западниот брег на САД. Од 2002 до 2010 година, во државата Вашингтон биле пронајдени 870 мрежи со над 32.000 морски животни заробени во нив. Се проценува дека напуштената опрема сочинува 10% (640.000 тони) од целиот морски отпад.
Се проценува дека 46% од Големото тихоокеанско ѓубре се состои од пластика поврзана со риболов. Рибарските мрежи се околу 1% од вкупната маса на сите морски макропластики поголеми од 200 милиметри, а опремата за риболов што е пластична е над две третини од вкупната маса.
Во мај 2016 година, Австралиската управа за управување со рибарството (АФМА) открила 10 тони напуштени мрежи во периметарот на австралиската ексклузивна економска зона и периметарот на заштитените зони на Торесовиот Проток. Била спасена една заштитена желка.
Истражувачите во Бразил ги користеле социјалните мрежи за да проценат како напуштените мрежи негативно влијаат врз бразилската морска биота. Биле добиени снимки од мрежи пронајдени на Гугл и Јутјуб, и биле анализирани, за да се дојде до резултатите од студијата. Тие откриле дека напуштените мрежи имаат негативно влијание врз неколку морски видови, вклучувајќи ги и големите морски животни, како што се китот Брајд и делфинот Гвајана.
Решенија мини|Оваа чудовишна мрежа пронајдена на Атолот Перл и Хермес во 2014 година, тежела 11,5 тони За разлика од синтетичките рибарски мрежи, биоразградливите рибарски мрежи природно се распаѓаат под вода по одреден временски период. Мрежите за риболов од кокосови влакна се комерцијално направени, и затоа се практично решение за рибарите.
Технолошките системи за обележување и следење на риболовната опрема, вклучително и употреба на ЏиПиеС, се тестираат за да промовираат поголема одговорност и транспарентност.
Потребно е легализирање на пронаоѓањето на опремата и воспоставување системи за управување со отпад за управување и ублажување на напуштените, изгубените и отфрлените риболовни опреми на море.
Помеѓу 2008 и 2015 година, американската иницијатива „Риболов за енергија“ собрала 1,2 милиони килограми рибарска опрема, и во партнерство со Риворд го претворила ова количество во доволно електрична енергија за напојување на 182 домови за една година со согорување.
Планот за заштита на морињата во Обединетото Кралство од напуштена риболовна опрема бил поддржан од Комитетот за риболов на Европскиот парламент во 2018 година. Г-дин Флак, кој го предводел комитетот, изјавил: „Напуштените рибарски мрежи ги загадуваат нашите мориња, трошат риболовни резерви и неселективно убиваат китови, морски лавови или дури и делфини. Трагедијата со напуштените риболовни мрежи мора да заврши“.MEPs back plan to end ‘ghost fishing' . 20 June 2018
Поврзано Загадување со пластика Морски отпад Големо тихоокеанско ѓубре
Наводи
Филм за напуштени мрежи во Индискиот Океан Напуштени мрежи во Индискиот Океан Меѓународни проекти за чистење Проект Ghost Net Програма Carpentaria Ghost Net Следење на напуштени мрежи Напуштените мрежите ја повредуваат морската средина: извештај на ОН
Категорија:Загадување на водата