Ѕвезда Дуцевска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од 1942 година била член на СКОЈ и била вклучена во работата на нејзината сестра Марта која била член, а подоцна и секретар на Месниот Комитет на КПМ - Гостивар. Честопати била ползувана за пренесување на партиски материјали во градот и одржување врски со воспитни групи. Здобивајќи се со искуство на илегален борец во заднината, со успех ги извршувала курирските задачи меѓу МК КПМ - Гостивар и партиската организација во градот.
Во текот на 1944 година се проширил кругот на жените кои работат во СКОЈ - во април 1944, за член на MK СКОЈ, била избрана Ѕвезда Дуцевска. Таа била една од одгвоорните лица кои го растурале Радио-билтенот, а подоцна и Радио-весникот.
Поврзано Катерина Дуцевска Марта Дуцевска Роса Дуцевска Ѓорѓи Дуцевски
Наводи
Литература Жената од Гостивар и гостиварско како политички фактор во НОД во Македонија (1941-1945)
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ