Зграда на Народното собрание на Бугарија () — зграда користена од бугарското собрание за парламентарни дебати. Главната зграда е прогласена за споменик на културата поради неговото историско значење. Сместено во центарот на Софија, главниот град на Бугарија. Зградата била изградена во неоренесансен стил од страна на Константин Јовановиќ, истакнат српски дизајнер од Австроунгарија кој се школувал во Виена и Швајцарија. Јовановиќ исто така бил главниот дизајнер на зградата за Народното собрание на Србија. Зградата ја граделе меѓу 1884 и 1886 година. Главниот водач бил Фридерих Вилхелм Густав Либе, млад архитект од Саксонија, кој имал 22 години кога започнала изградбата. Објектот првично било обоено во сива нијанса, но покрај втората половина на 20 век почнале да ја бојат бела.Parliament, turn of the 19/20th century, stara-sofia.com, retrieved Oct 2013.
Зградата е прикажана на задната страна на бугарската банкнота од 20 лева, издадена меѓу 1999 и 2007 година.Bulgarian National Bank . Notes and Coins in Circulation: 20 leva (1999 issue) & 20 leva (2007 issue). – Retrieved on 26 March 2009.
Историја
Градење мини|257x257пкс|Зградата на народното собрание по бомбардирањето на сојузниците на 10 јануари 1944 година. Во 1879 година, една година после независноста на Кнежевството Бугарија, тогашната влада предовена од страна на русофилот Тодор Бурмов одлучиле да го прогласат градот Софија за државниот главен град. Претходното функционирале во стариот главен град Пловдив. Во првите години после независноста тогашното собрание на Бугарија не можеле да најдат трајно сместување за нивната влада. Во 1880 година се сместиле во стариот руски воен клуб лоциран на ул. „Московска“ бр. 15. Подоцна се сместиле во зградата на првата бугарска машка гимназија на ул. „Московска“ бр. 49.
Поради нивното тешко сместување пратениците од народното собрание на Бугарија предложиле да изградиле своја посебна зграда за да можеле да ги исполнат нивните политички обврски. Главниот организатор за иницијативата бил Петко Каравелов, тогашниот премиер на Бугарија. Во февруари 1884 година поднесол решение каде ја одобрил одлуката за градбата на зградата. Истовремено Константин Јовановиќ, истакнат српски архитект од Белград, бил назначен да гради бугарски гимназии во градовите Софија и Лом. Поради неговиот квалитетен стил бугарското собрание одлучиле да го одбрат Јовановиќ за главниот дизајнер на зградата. Поради неговото учество во градбата на зградата, денешната бугарска историографија го негира неговиот српски идентитет — лажно наведувајќи дека бил Бугарин по потекло.
Константин Јовановиќ бил финансиран 220.000 франки за градбата. Бугарското собрание одлучиле да ја изградат зградата покрај периферијата на градот, блиску до стари турски гробишта каде што во минатото биле погребани противници на Отоманското Царство.
Современо време мини|260x260пкс|Зградата во 2015 година. Покрај тоа што зградата е голема, некои министерства сепак немале доволно простор, поради тоа некои се вратиле во старата зграда на народното собрание кој порано служело како главната зграда на собранието за време на комунистичкиот период. Некои пратеници, особено тие со прокомунистички идентитет, предложиле да се премести целото народно собрание во стариот партиски дом.Competition for new Plenary Hall , NI Consult, 2009. Retrieved Oct 2013. Во септември 2020 година тогашната власт го прифати предлогот. Во април 2021 година, после парламентарните избори, новата влада составена од партиите ИТН (Има таков народ), Демократска Бугарија и ИБНИ (Исправи се БГ! Ние идеме!) донесле одлука повторно да се премести владата во зградата изградена од Јовановиќ. Поради тоа што тие го сметале партискиот дом како симбол на стариот опресивен комунистички режим.
Во август 2023 година, бугарското народно собрание најавило дека повторно ќе се вратиле во стариот партиски дом и ќе останале за три години поради оштетата на зградата на народното собрание. Денес се врши проект за обнова на зградата.
Наводи
Надворешни врски
Стари слики од зградата
Категорија:Згради и градби во Бугарија