„Хари Хафт“ (англиски: Harry Haft) — филм на режисерот Бери Левинсон (Barry Levinson) од 2021 година. Автор на сценариото е Џастин Џул Гилмер (Justine Juel Gillmer), а главните улоги ги играат: Бен Фостер (Ben Foster), Вики Крипс (Vicky Krieps), Били Магнусен (Billy Magnussen), Питер Сарсгард (Peter Sarsgaard), Дени Девито (Danny DeVito), Дар Зузовски (Dar Zuzovsky). Филмот, снимен според истоимената книга на Алан Скот Хафт, добил позитивни критики, особено за улогата на Бен Фостер кој бил номиниран за наградата Еми.Harry Haft, američko-kanadsko-mađarski film (пристапено на 31.3.2025)
Синопсис Офицерот на СС во еден концентрационен логор го принудува Хари Хафт (го игра Фостер) да се бори во боксерските мечеви против другите затвореници во логорот, а тој го профаќа тоа поради љубовта кон една жена. Сепак, тој најпосле успева да избега од логорот и доаѓа во Њујорк. Прогонет од чувството на вина поради тоа што преживеал, Хари се бори против професионалните боксери како што е Роки Марчано, надевајќи се дека неговото име ќе биде забележано од медиумите и дека така ќе ја пронајде својата прва љубов...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Унгарски филмови Категорија:Канадски филмови Категорија:Биографски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови засновани на книги Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови за холокаустот Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк Категорија:Филмови на Бери Левинсон Категорија:Филмови со Бен Фостер Категорија:Филмови со Вики Крипс Категорија:Филмови со Питер Сарсгард Категорија:Филмови со Дени Девито Категорија:Филмови со Дар Зузовски Категорија:Филмови со Били Магнусен